Оваа интернет страница служи на сите љубители на патувањето. Со отварањето на новата ефтина линија Скопје - Барселона, граѓаните на Република Македонија имаат уште една можност да ги прошират своите културолошки хоризонти.
Барселона e втор град по големина во Шпанија, и главен град на регионот Каталунија, како и еден од најботите градови во Јужна Европа.
Со околу 4,7 милиони жители и прекрасното к
ултурно наследство се вбројува во еден од најпосетувани градови во светот ( трет во Европа, по Лондон и Париз ).
Доколку одлучите да го посетите овој прекрасен град ке ви треба добар план за да го искусите на најдобар можен начин.
Но и Mr.Google не ги познава сите скриени места во една метропола.
Барселона е град со долгогодишна традиција, огромно културно и архитектонско наследство ( господинот Гауди се погрижил за тоа ) и голем избор за забава во ноќните часови.
Јас живеам веке подолго време во Барселона и работам со секторот на туризмот и сметам дека оваа страница ке ви помогне многу за да направите правилна одлука околу: Што? Каде? Како? Кога? да правите во Барселона.
Совети за каде добро се јаде, настани од секаков тип ( концерти, фламенго вечери, самба, класични концерти ), најнови изложби, збиднувања во градот, трикови за тоа каде да одите и кога - ке ви биде доставено на Нашата прва средба.
Средба секоја среда и недела во 12ч., во строг центар на Барселона. ( вклучува гратис мапа и презентација на градот со предлози на топ ресторани, места за забава и културни знаменитости ) = 15еу
Тура низ Gotico ( строг центар на Градот ), на македонски, со времетраење околу 2часа = 10еу ( по човек )
Доколку сте присуствувале на предхотната средба која чини 15еу, турата ке ве чини само 5еу.
И двете опции мора да бидат резервирани претходно преку ФБ страната.
За било како информации - пратете приватна порака во Инбокс.
Благодарам за Вашето внимание,
се гледаме во Барселона!