Inner Wheel Club of Skopje

  • Home
  • Inner Wheel Club of Skopje

Inner Wheel Club of Skopje Inner Wheel is an international organization closely linked to Rotary that was founded to unite wive

International Inner Wheel links together members in Clubs in countries from Europe to Africa, India, the Philippines, Australia, New Zealand, The United States of America and Canada – to name but a few. Members are able to communicate with one another through correspondence, exchange visits, and joining together in international projects. Presidential tours bring members closer together as they le

arn of Inner Wheel activities in vastly different territories. Clubs give service in their own community as well as looking beyond their national boundaries. Inner Wheel на интернационално ниво ги поврзува сите членки на Клубот од земји во Европа до Африка, Индија, Филипините, Австралија, Нов Зеланд, САД и Канада.

Членките комуницираат и соработуваат преку коресподенција, посети и интернационални заеднички проекти. Патувањата на претседателките ги зближува членките преку заедничко учење за Inner Wheel активностите на различни територии. Секој клуб посебно дава свој придонес во локалните заедници и надвор од националните граници.

04.06.2024 На редовниот состанок на клубот беше направена рекапитулација на активностите во изминатата клубска година (с...
09/06/2024

04.06.2024
На редовниот состанок на клубот беше направена рекапитулација на активностите во изминатата клубска година (септември 2023 - јуни 2024), а беа предложени и следни активности на клубот. Со оглед на завршувањето на клубската година, беа дадени предлози за членки кои ќе бидат назначени во новото претседателство на клубот.

18.05.2024г.Вчера успешно се реализира  активноста за средношколците во СУГС "Георги Димитров".  Во присуство на голем б...
18/05/2024

18.05.2024г.
Вчера успешно се реализира активноста за средношколците во СУГС "Георги Димитров". Во присуство на голем број ученици од III година, д-р Ана Фрицханд имаше свое предавање за анксиозноста кај младите, а свое излагање имаше и Мартин Јовановски, авторот на изданието "Зошто јас?", како и Татјана Димовска Атанасова, уредник од Арс Ламина. Учениците беа мошне заинтересирани за темите за кои се говореше, активно учествуваа во дискусијата што се разви понатаму и беа видно задоволни од сѐ што слушнаа, сите совети и информации.
А нам, како иницијатори и организатори на овој настан, ни беше задоволство и потврда дека делуваме во вистинската насока - подигање на свеста кај младите за важноста на менталното здравје како услов за среќен и здрав живот понатаму.

15.05.2024Вчеравечер во хотел Queen's во организација на Инервил клуб Скопје се одржа предавање на тема "Исхрана за  моз...
15/05/2024

15.05.2024
Вчеравечер во хотел Queen's во организација на Инервил клуб Скопје се одржа предавање на тема "Исхрана за мозокот: со исхрана до превенција од деменција и Алцхајмер". Гостин-предавач беше проф.д-р Елизабета Б.Мукаетова Ладинска, шеф на катедрата за психотерапија на Универзитетот Лестер од Велика Британија.
Во присуство на голем број гости, членки од другите Инервил клубови, како и членови од Ротари заедницата, проф.Ладинска зборуваше за важноста на превенцијата од деменција која најдобро се постигнува со практикување здрави животни навики, а според последните истражувања, и со правилна исхрана и одржување здрав микробиом. Искрено сме благодарни на проф. Мукаетова Ладинска за нејзиното предавање и можноста да нѐ запознае со последните светски истражувања во оваа област.

27.04.2024 Денес клубот Инер Вил Скопје ја реализираше традиционалната акцијата за донација на храна во црквата Св.Петар...
27/04/2024

27.04.2024 Денес клубот Инер Вил Скопје ја реализираше традиционалната акцијата за донација на храна во црквата Св.Петар и Павле во Ѓорче Петров, по повод Велигденските празници. Ни се заблагодарија од срце и ни посакаа на сите убави празници 🌸🌷🌸🌸🌷

19.04.2024 г.Редовен состанок и договор за идни активности.
20/04/2024

19.04.2024 г.
Редовен состанок и договор за идни активности.

04.04.2024 г.Денеска беше мошне успешно реализирана активноста на клубот Инер Вил Скопје во СУГС „Орце Николов“ со преда...
05/04/2024

04.04.2024 г.
Денеска беше мошне успешно реализирана активноста на клубот Инер Вил Скопје во СУГС „Орце Николов“ со предавање на тема поврзана со анксиозноста кај младите каде учество земаа проф.д-р Ана Фрицханд од Институтот за психологија прик УКИМ, Мартин Јовановски, автор на изданието „Зошто јас?“, како и Татјана Димовска Атанасова, уредничката на ова издание објавено од Арс Ламина.
Во училиштето претставничките на клубот Инер Вил Скопје беа пречекани од психологот Ана Поп Ризова, како и наставничката по македонски јазик Розе Мицкоска. На настанот беа присутни околу 50-60 ученици кои со извонредна заинтересираност ги слушаа говорниците и активно учествуваа поставувајќи прашања и дискутирајќи на дадената тема. Професорката Фрицханд успеа да им даде појасна претстава за тоа што значат поимите анксиозност, панични напади и руминации, како да ги препознаат и кому да се обратат ако имаат проблем. Уредничката Димовска Атанасова зборуваше за стручната литература на теми поврзани со менталното здравје и им предочи на учениците дека треба да се стремат кон тоа да бараат информации од проверени извори и да читаат изданија од релевантни автори и издавачи. Мартин Јовановски, претставувајќи ја својата книга во која зборува за неговата лична борба со анксиозноста, предизвика голем интерес кај учениците кои сакаа и лично да му се обратат по завршувањето на средбата. На настанот беа поделени и одреден број примероци од книгата на Мартин, на големо задоволство на учениците и претставничките од училиштето.
Нашиот впечаток за овој настан е дека целта беше постигната и дека би требало да продолжиме во оваа насока.
Имаме чувство дека успеавме да допреме до свеста на овие млади луѓе и дека можеби на дел од нив сме им помогнале и повеќе од тоа што мислиме.

28.03.2024Денешниот редовен состанок на нашиот клуб помина во мошне пријатна атмосфера,  при што беа разменети информаци...
29/03/2024

28.03.2024
Денешниот редовен состанок на нашиот клуб помина во мошне пријатна атмосфера, при што беа разменети информации за претстојната активност во текот на наредната недела, а се зборуваше и за некои интересни иницијативи во периодот што следи.

26/03/2024
Продолжува поддршката на ГАК од страна на Инервил клуб Скопје со донација перници, навлаки за парници, како и ношници. С...
15/02/2024

Продолжува поддршката на ГАК од страна на Инервил клуб Скопје со донација перници, навлаки за парници, како и ношници. Со девизата „од жени за жени“, среќни сме што можеме да придонесеме за што е можно попријатен престој на пациентките и родилките на оваа клиника.
Донацијата беше симболично доделена на денот на љубовта, а претставничките од клубот беа љубезно пречекани од страна на директорката доц. др. сци. Викторија Јовановска не запозна со моменталните состојби на клиниката.

04/02/2024
Состанок на клубот со плодна дискусија која резултираше со договор за нови хуманитарни активности.
02/02/2024

Состанок на клубот со плодна дискусија која резултираше со договор за нови хуманитарни активности.

In Skopje, N. Macedonia, Inner Wheel Club of Skopje, that is a part of District 255, in honor of the 100th anniversary o...
11/01/2024

In Skopje, N. Macedonia, Inner Wheel Club of Skopje, that is a part of District 255, in honor of the 100th anniversary of Inner Wheel.

Во пресрет на 2024-та!🎄🎉🎊🎈🥂🍾🎁🎆✨🎇
26/12/2023

Во пресрет на 2024-та!🎄🎉🎊🎈🥂🍾🎁🎆✨🎇

4.11.2023Членки на клубот го посетија Домот за стари лица "13 Ноември" и доделија донација од средствата на Инер Вил Ско...
05/12/2023

4.11.2023

Членки на клубот го посетија Домот за стари лица "13 Ноември" и доделија донација од средствата на Инер Вил Скопје клубот, по повод нивниот традиционален Новогодишен Базар. Воедно, членките купија и одредени изработки со лични средства.
Освен со вработените, членките поразговараа и со лицата/станарите кои се згрижени таму. Особено тие беа среќни заради посетата, како и од можноста да ги презентираат своите изработки (новогодишни декорации, плетени и везени работи) кои ги изработуваат во текот на годината. Средствата од продажбата и донираните средства ќе се искористат за потребите на станарите на домот.💕💗

Инаку, иако бараките се во тешка состојба, кај вработените постои неверојатен ентузијазам да им го направат домот пријатно место за живеење на сите што престојуваат таму. Самите кречат, им ги дизајнираат собите, им организираат родендени и ги забавуваат.... Навистина за секоја почит! 💕💗

Иако поминаа десетина дена од настанот, со оваа објава би сакале уште еднаш да се заблагодариме на Надица Илиевска за то...
21/11/2023

Иако поминаа десетина дена од настанот, со оваа објава би сакале уште еднаш да се заблагодариме на Надица Илиевска за тоа што ни даде многу корисни нутриционистички совети и уште еднаш нѐ потсети дека здравјето и убавината доаѓаат со правилната и умерена секојдневна исхрана.
Наши гостинки беа и членки од клубот Инер Вил Еуропеа, што придонесе за збогатување на настанот кој помина во прекрасна атмосфера на дружење и желби за повторна средба.

Средба на членките на клубот во пријатна и конструктивна атмосфера, дискусија за претстојните активности.
13/10/2023

Средба на членките на клубот во пријатна и конструктивна атмосфера, дискусија за претстојните активности.

*Изборно собрание*За претседателка на Дистриктот 255, е избрана г-ѓа Фросина Гечева Кочова.💙💛💙💛💙💛💙
16/09/2023

*Изборно собрание*
За претседателка на Дистриктот 255, е избрана г-ѓа Фросина Гечева Кочова.
💙💛💙💛💙💛💙

Happening now.District 255Izborno sobranie za Nova Pretsedatelka na Distriktot 255.5 kluboviSkopjeVelesBitola KumanovoSk...
16/09/2023

Happening now.
District 255
Izborno sobranie za Nova Pretsedatelka na Distriktot 255.
5 klubovi
Skopje
Veles
Bitola
Kumanovo
Skopje Europea, dojdeni vo Skopje.
💙💛💙💛💙💛💙

29/06/2023

IIW President Zenaida Farcon in her inimitable style warmly invites all Inner Wheel Members to the 19th International Convention as Inner Wheel celebrates 10...

23.06.2023 г.Денешната средба потврди уште еднаш дека Инер Вил пријателствата не познаваат граници. Денес претседателкат...
23/06/2023

23.06.2023 г.
Денешната средба потврди уште еднаш дека Инер Вил пријателствата не познаваат граници.
Денес претседателката на Инер Вил Скопје ( Inner Wheel Club of Skopje ) клубот за 2020-2021 (Дистрикт 255) г-ѓа Андриана Скерлев Чакар, се сретна со актуелната претседателка на Инер Вил Сплит Палмина клубот, г-ѓа Сандра Неретљаковиќ (IWC Split Palmina klub, g-đa Sandra Neretljaković) при што разменија искуства за активностите на клубовите и можноста за идни средби и активности.

Вчера во присуство на дел од членките на клубот Инер Вил Скопје (Inner Wheel Club of Skopje)  беше извршено примопредава...
09/06/2023

Вчера во присуство на дел од членките на клубот Инер Вил Скопје (Inner Wheel Club of Skopje) беше извршено примопредавање на претседателството за 2023/24 година. Досегашната претседателка Макeдонка Костеска Ивановска им се заблагодари на присутните за соработката и успешната година зад себе со низа остварени акции и донации, а новоназначената претседателка на клубот, Надица Фирфова, вети дека ќе продолжи да го следи патот на своите претходнички и со свој удел и ангажман ќе придонесе кон развој на клубот и мноштво нови и инспиративни активности.

18.05.2023 годинаЈа продолжуваме соработката започната минатата година за помош на матурантите од ДУЦОР “Партенија Зогра...
18/05/2023

18.05.2023 година
Ја продолжуваме соработката започната минатата година за помош на матурантите од ДУЦОР “Партенија Зографски”, училиште за средно стручно образовние за деца со оштетен слух. Наградивме одлични ученици и им посакавме успешно да се вклопат и зачекорат во животот на возрасните.

11 мај 2023 годинаОдржан е редовниот состанок на клубот на кој бешеприфатен предлогот за нов  председател на клубот да б...
11/05/2023

11 мај 2023 година
Одржан е редовниот состанок на клубот на кој беше
прифатен предлогот за нов председател на клубот да биде Надица Фирфова. Имавме многу успешна и интересна година, со многу активности. Благодарност до председателката Македонка Костеска Ивановска за одличната организација и реализација. И посакуваме на Надица Фирфова инспирација и уште поголема промоција на клубот.
На состанокот беше договорена претстојната активност на клубот, како и заедничката активност на клубовите во рамки на Дистриктот 255.

8.05.2023ЧЛЕНКИ НА ИНЕР ВИЛ СКОПЈЕ КЛУБОТ УЧЕСТВУВАА  НА ДОНАТОРСКАТА ВЕЧЕР ЗА ПРИБИРАЊЕ СРЕДСТВА СО ЦЕЛ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ...
09/05/2023

8.05.2023
ЧЛЕНКИ НА ИНЕР ВИЛ СКОПЈЕ КЛУБОТ УЧЕСТВУВАА НА ДОНАТОРСКАТА ВЕЧЕР ЗА ПРИБИРАЊЕ СРЕДСТВА СО ЦЕЛ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА АРХИВОТ НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ.

11.04.2023 г.Во пресрет на најважниот верски празник во православниот календар Велигден, Инер Вил Скопје клубот обезбеди...
11/04/2023

11.04.2023 г.
Во пресрет на најважниот верски празник во православниот календар Велигден, Инер Вил Скопје клубот обезбеди прехрамбени продукти за црковната кујна на црквата Свети Петар и Павле во Скопје.

11/04/2023
10.04.2023 г.Поддршка на ТАНЕЦ од Инер Вил Скопје клубот.ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, ф...
10/04/2023

10.04.2023 г.
Поддршка на ТАНЕЦ од Инер Вил Скопје клубот.
ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, име што го симболизира македонскиот народен танц (оро), е амбасадор на македонската народна уметност и култура низ целиот свет. Како подвижен музеј на нашето културно богатство, ансамблот неуморно ја шири убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и насекаде низ Европа. Во текот на своето надседумдецениско постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, настапувајќи пред полни концертни сали во Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто и многу други светски метрополи. ТАНЕЦ поседува и уникатна збирка на повеќе од 3000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина и секој негов настап е посебно аудио-визуелно доживување за публиката. Репертоарот се состои од повеќе од 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува разновидните музички и кореографски традиции од богатиот македонски фолклор. Ансамблот брои 40 врвни играорци, 20 вокални и 20 инструментални изведувачи, кои лесно се комбинираат во најразлични формации и кои во секое време можат да понудат разнородна програмска концепција. ТАНЕЦ во својота долга и раскошна професионална кариера има добиено многу награди и признанија, како Големата награда на Интернационалниот фестивал во Ланголен, Велика Британија и општествените одликувања „11 Октомври“, „13 Ноември“ „Св. Климент Охридски“ и „Орден за заслуги за Македонија“.

📍04.04.2023 годинаИнер Вил Скопје клубот ја продолжува соработката  со Домот за стари лица Мајка Тереза  Злокуќани во че...
04/04/2023

📍04.04.2023 година
Инер Вил Скопје клубот ја продолжува соработката со Домот за стари лица Мајка Тереза Злокуќани во чест на големиот христијански празник Велигден реализира донација на пред велигденскиот базар со прекрасни изработки од страна на корисниците и вработените во Домот.

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Inner Wheel Club of Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Inner Wheel Club of Skopje:

Videos

Shortcuts

  • Address
  • Telephone
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Videos
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Travel Agency?

Share

Our Story

International Inner Wheel links together members in Clubs in countries from Europe to Africa, India, the Philippines, Australia, New Zealand, The United States of America and Canada – to name but a few. Members are able to communicate with one another through correspondence, exchange visits, and joining together in international projects. Presidential tours bring members closer together as they learn of Inner Wheel activities in vastly different territories. Clubs give service in their own community as well as looking beyond their national boundaries. Inner Wheel на интернационално ниво ги поврзува сите членки на Клубот од земји во Европа до Африка, Индија, Филипините, Австралија, Нов Зеланд, САД и Канада. Членките комуницираат и соработуваат преку коресподенција, посети и интернационални заеднички проекти. Патувањата на претседателките ги зближува членките преку заедничко учење за Inner Wheel активностите на различни територии. Секој клуб посебно дава свој придонес во локалните заедници и надвор од националните граници.

2018-2019

Претседател - Ангелина Ќука

Потпретседател - Елеонора Делиниколова