Политијада 2014 - Пореч

  • Home
  • Политијада 2014 - Пореч

Политијада 2014 - Пореч НАЈГОЛЕМА СТУДЕНТСКА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА !!! ПОЛИТИЈАДА 2

НАЈГОЛЕМА СТУДЕНТСКА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА
!!! ПОЛИТИЈАДА 2014 !!!

ПОРЕЧ, ХРВАТСКА од 14. до 18. МАЈ 2014 ГОДИНА

Организирано од Факултетот за Политички науки - Белград во соработка со „Клуб на Оратори“ од Правен факултет - Скопје.

Пореч е местото кое ќе биде центар на сите политолози и останати заинтересирани студенти од Југо-источна Европа овој мај. Во изборот на дестинацијата пресудија квалитето

т, цената и природната убавина на Истра.
Се трудевме да бидеме иновативни и по Мариборско Похорје и Ровињ, повторно ја организираме Политијадата на место каде никогаш пред тоа не била организирана ниту една "ијада". Веруваме дека во најлудите забави, неповторливите излети, возбудливите спортски натпревари, дебати и интересни предавања, секој ќе го пронајде тоа што го сака.
Студентите ќе бидат сместени во двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петокреветни апартмани од комплексот Lanterna Apartments во склоп на хотелскиот ланец VALAMAR Hotels & Resort. Сместувањето се наоѓа на 10 минутно возење од центарот на градот Пореч, а 100 метри од морето и плажата.
Комплексот е опремен со маркет, fast food - сендвичари и ресторани.

Забавите ќе бидат организирани во комплексот Lanterna.
За музиката ќе бидат задолжени комерцијални DJ-и од Белград и неколку локални бендови. Во консултација со туристичките агенции одлучено е на студентите да им се понудат 3 факултативни излети:

• Првиот излет ќе биде организиран на вториот ден од Политијадата. Студентите во придружба на туристички водич ќе ги посетат знаменитостите на градот Пула.
Потоа студентите ќе имаат прилика да крстарат по Брионите и да се уверат зошто многумина овие острови ги нарекуваат "рај на земјата".

• Вториот излет ќе биде организиран третиот ден од Политијадата. Заминуваме во едно од најубавите културно-историски места на Истра, Грожњан - Grisignana, мал истарски град од големо културно значење, не само на хрватско туку и на меѓународно ниво. Овде учесниците ќе имаат можност да уживаат во посебно организирани дегустации на познатите хрватски брендирани вина и надалеку прочуените печурки, тартуфи.
По дегустациите повторно се враќаме на море, од Грожњан одиме кон центарот на Пореч и се укрцуваме на Party boat, на кој ќе останеме до вечерните часови.

• Третиот излет а воедно и последен, е оставен за четвртиот ден. Од Пореч се упатуваме кон Трст каде во придружба на туристички водич правиме обиколка на центарот на градот. Од Трст се упатуваме кон трговскиот центар Palma Nova, а по тоа продолжуваме во еден од најголемите трговски центри во целиот регион и најголемиот во Словенија, Planet Tuš Kopar.

Кога станува збор за спортските настани, ќе бидат организирани напревари во кошарка, фудбал и одбојка. Доколку има интерес, бројот на спортови ќе биде проширен.

Цена: 120 евра за студентите од Македонија
(4 ноќевања со појадок, вечера и автобуски превоз од Скопје)

За повеќе информации обратете се на:

[email protected] или во Клуб на Оратори.
Канцеларијата ќе биде отворена за ваши прашања и пријави секој ден од 12 до 14 часот.

Рокот за пријавување е 10 мај 2014. Местата за учество се ограничени.

Address


Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Политијада 2014 - Пореч posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Политијада 2014 - Пореч:

Shortcuts

  • Address
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Travel Agency?

Share