turnimedakinisam.mk

  • Home
  • turnimedakinisam.mk

turnimedakinisam.mk Tour Guide

16/02/2024

јули 26, 2023ПД Смрека – Клисура & Извори на Реката Пена – с. Бозовце (Шара)

Како да избегнеме средба со мечка? Што да правиме доколку видиме мечка во наша близина? Што доколку мечката нападне? Про...
19/12/2023

Како да избегнеме средба со мечка? Што да правиме доколку видиме мечка во наша близина? Што доколку мечката нападне? Прочитајте👇

Средбите со мечки на планините се ретки, но што треба да направам ако наидам на кафеава мечка? Неколку практични совети.

Ни доаѓа есен, а есента е едно од најубавите годишни времиња за во природа, пааа затоа решивме да ви помогнеме на вас ро...
15/09/2023

Ни доаѓа есен, а есента е едно од најубавите годишни времиња за во природа, пааа затоа решивме да ви помогнеме на вас родителите, заедно да ги мотивираме децата и одењето на планина да им стане љубов🥰како??
👇

STAY TUNED…😇
#турнимедакинисам #мотивација #планина #малипланинари

Let’s go campinggg💚😃🎬⛺️Втора година по ред одбираме камп одмор и за сега се нашите најубави летни одмори❤️Овој концепт н...
18/08/2023

Let’s go campinggg💚😃🎬⛺️

Втора година по ред одбираме камп одмор и за сега се нашите најубави летни одмори❤️

Овој концепт на летување треба да ви лежи, пред сѐ да сакате природа и слобода и да сте сосема ок со фактот да сте цел ден под отворено небо🩵Можеби некои и не се свесни дека целосно им одговара ваков тип на летен одмор.

Па, ајде да видиме…

⛺️Прво зошто да одберете кампување?😍

〰️Супер шанса да поминете квалитетно време со семејството и тоа без телефони🫣. Можност за поврзување со природата. Децата учат важни животни вештини, тимска работа и самостојност. Мијат чинии, готват, прават скара… Кампувањето ги стимулира да излезат од својата комфор зона и да се развива креативноста преку игри и забави. Овие моменти создаваат незаборавни спомени и искуства кои децата ќе ги помнат целиот живот.

⛺️Како да се подготвиме за кампување?🤔

〰️Ова е најтешкиот дел, да да..😏Мора да сте многу добро организирани- штосот е во доброто планирање: СПИСОК и обележување што каде се наоѓа! Pinterest е супер потсетник што сѐ од ситници треба да понесете.

⛺️Каде ќе спиете?

〰️Одберете го правиот шатор за вас. Треба да е лесен и лесно да се склопува, а сепак да имате простор сите да спиете комфорно во него.
Decathlon е супер опција за камп опрема!

〰️Вреќа за спиење за секого. Одберете квалитетни вреќи за спиење. Колку и да е топло, вечерите знаат да бидат постудени или да заврне. Ако имате шатор кој го користите веќе неколку години испрскајте го со средство за импрегнација за да ги задржи водоотпорните својства.

〰️Подлоги/душечиња за спиење и перничиња на дување. Може да имате и специјални кревети на склопување.

〰️Камп маса и столчиња на склопување

⛺️Што ќе јадете?

〰️Камперска кујничка со решо или плинско и секако прибор, пластични чинии, тенџерче и сл.
Може да си готвите, или да јадете во локалните ресторани.

〰️гардероберче на склопување (не е неопходно)

〰️осветлување внатрешно и можеби амбиентални светилки за надвор

〰️ Ние си ги носиме точаците и опремата за сноркање😃

Ова се основните придобивки и основната опрема која би ви била потребна за една убава летна камп приказна❤️
😘

Сите убави места на планетава се далеку, скриени, зад ридови и планини како Господ да сакал да ги зачува само за себе😇Та...
24/07/2023

Сите убави места на планетава се далеку, скриени, зад ридови и планини како Господ да сакал да ги зачува само за себе😇

Такво е селото Гари, кое го посетивме викендов заедно со цела екипа деца и наши пријатели и поминавме викенд на планина без телефони! 🙌 Неверојатно, ама вистинито😄

Селото Гари е мијачко село во општина Дебар, сместено на падините на планината Стогово, низ кое минува преубавата Гарска Река.
На нашиот блог ќе најдете повеќе патеки кои тргнуваат од с.Гари, живописни планински предели кои одземаат здив.
Направивме тура од 5км прилагодена за најмали и поголеми деца, која минуваше до Гарска река, водопадот, преку крстот, па сѐ до игралиштето Браненица, познато на децата кои го минуваат таму летото на чист воздух.

Гари е одлично прибежиште за овие летни топли денови, каде во попладневните часови ќе си облечете по некое дуксерче😊

Ајде сите на планина!💚
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #планина #гари #стогово

17/07/2023

❗️

We freakin’ love mountain biking!!🚵🚵‍♂️🚵‍♀️🚵Одлична МТБ тура на Водно, која како што може да се види од приложеното можа...
09/04/2023

We freakin’ love mountain biking!!
🚵🚵‍♂️🚵‍♀️🚵
Одлична МТБ тура на Водно, која како што може да се види од приложеното можат да ја качат и деца и тоа ни помалку ни повеќе туку до врв Крстовар💪се разбира доколку имат добро подготвени мтб велосипеди и редовно возат велосипед.
Ева и Андреја ја имаат веќе извозено патекава кога беа доста помали (со ред плачки и мрсули) ама затоа сега јуначки може да кажеме дека сме спремни за нешто посериозно😀🫣
Патеката е добро позната на бајкерите, инаку започнува од Долно Соње па сѐ до врв. Офроуд патека по која разминавме и други велисипедисти, а и планинари. До пола е доста каменита и понапорна, а вториот дел е шумски со супер пејзажи. Се излегува кај бункерите и патот кој води до Матка. Турата се разбира може да ја видите со детален опис и гпс запис на нашата страна www.turnimedakinisam.mk😘
#турнимедакинисам #бајкери #мтб

Sky above. Earth below. Peace within.   #турнимедакинисам
22/02/2023

Sky above. Earth below. Peace within.
#турнимедакинисам

Каква убавина и каков ден!!☀️😇❤️🫶Сите кои сте љубители на планините и природата и не сте биле на врв Табахон, одберете у...
19/02/2023

Каква убавина и каков ден!!☀️😇❤️🫶
Сите кои сте љубители на планините и природата и не сте биле на врв Табахон, одберете убав сончев ден и одете горе, ве чека изненадување какво што не се опишува со ниеден збор и ниедна фотографија❤️

Врв Табахон 1748мнв- Сува Гора

Турата ја започнуваме од планинскиот превој Крстец кои ги дели планините Сува Гора и Осој. Од Скопје се возиме кон Тетово и пред Групчин кај Ново Село се упатуваме кон с. Седларево каде по изминати 40 км. по добар асфалтиран пат пристигнуваме на превојот Крстец.
И покрај тоа што турата изнесува 6 км во правец и висинска разлика од 1000 метри, сепак движењето по неразгазена патека на снег во голема мерка ни го отежнува искачувањето кон врвот.

На повеќе места на почетокот од патеката забележуваме маркации, но како се движиме нагоре маркациите се под снег. Снегот нѐ забавува во движењето, а дополнително на тоа кога видовме дека Марфи на моменти целосно пропаѓа во снег и се губи од хоризонтот, јасно ни беше дека нѐ чека сериозен предизвик за да го освоиме Табахон.

По изминати 2 км пристигнуваме на платото (висорамнина) кое се наоѓа во средишниот дел на планината и се протега сѐ до самиот врв Табахон. Од тука постојат две опции: по северниот или по јужниот срт. Но поради големи снежни наноси, нашето движење се одвиваше по средишниот дел на платото и по делови кои беа во голем степен изложени на сонце и кои не поседуваат големи количини на снег. По изминати 5 км по изохипса на јужниот дел на сртот видлив е и врвот Табахон и карактеристичната дрвена ознака на врвот.
И покрај силниот ветер конечно сме на врвот: магични погледи кон Јакупица од западна страна, Шара, па дури и Бистра и Кораб. Убавина недопрена, а на цела планина бевме единствени…
Се надеваме дека овие фотки ќе бидат мотив плус за вас да ја посетите Сува Гора🫶
❄️висинска разлика: 1000м
❄️Искачување: 3 часа
❄️Должина во правец: 6км
🔗Повеќе информации имате на www.turnimedakinisam.mk
ајде сите на планина!💚
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #планина #табахон1745 #сувагора

Врв Раса 1369мнв, Осој планина🏔️💚🫶☀️🥾Врвче кое е навидум врвче, ама додека брзаш да го прегрнеш, се движиш по прилично з...
09/01/2023

Врв Раса 1369мнв, Осој планина🏔️💚🫶☀️🥾

Врвче кое е навидум врвче, ама додека брзаш да го прегрнеш, се движиш по прилично захтевна патека, која откако ќе ја искачиш, освојуваш награда- движење по срт некои 2км со најубав поглед кон Шара, Јакупица, Козјак, Жеден планина, а зад тебе Водно и Матка.

Тура👇

Ние турата ја започнавме од црквата ,,Св. Спас’’, во непосредна близина на селото Горна Матка, од кое до црквата се стигнува по земјен пат. Во близина на оваа црква се наоѓа и разрушената средновековна црква ,,Света Недела”. Двете цркви се дефинитивно вредни за посета💫
Од Св. Спас продолжуваме по земјениот пат и скршнуваме десно обележна патека која води до врвот Раса. Се движиме низ густа шума врз наслаги од паднати есенски лисја и многу гранки, каде лесно се свиткува зглоб посебно надолу, што значи планинарски стапчиња се must😊Недалеку слушаме истрели од пушки на ловци, па се двоумиме дали воопшто да продолжиме со турата, но за среќа не траеја долго. На крајот од шумата (некаде на половина пат) стигнуваме на влез на резерватот Јасен и продолжувме нагоре покрај оградата уште околу 300м искачување по каменест и карпест предел. За кратко излегуваме на сртот каде започнува вистинско уживање💚🏔️

Супер тура за планинари и деца кои го качуваат Водно без проблем од долу до врв🥰

🏔️Карактеристики:

💚Должина на турата во правец: 5.5км
💚Времетраење: 3.5 часа во два правци без вклучени паузи
💚Тежина на турата: средно лесна
💚Потребна опрема: освен соодветна планинарска облека, обавезни се стапчиња и заштитна облека од ветер

🔗За повеќе инфо секако посетете ја нашата веб страница www.turnimedakinisam.mk
И нормално чувствувајте се слободни да ни пишете доколку имате било какви прашања❤️

Ајде сите на планина! 🏔️🙏😇Долу не се дише😤
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #планина #раса #врвраса #осојпланина #матка

At home💚Да ја започнеме и оваа 2023 со планина, чист воздух, природа и време поминато со најблиските❤️Скопска Црна Гора ...
03/01/2023

At home💚

Да ја започнеме и оваа 2023 со планина, чист воздух, природа и време поминато со најблиските❤️

Скопска Црна Гора и нејзините неоткриени патеки и пејзажи🥰

🔗На www.turnimedakinisam.mk ќе ги најдете сите патеки🏔️
#турнимедакинисам #ајденапланина #диши #планина

Прашањето кое најчесто го добиваме од нашите пријатели и познаници во однос на совети за опрема: Какви планинарски чевли...
06/12/2022

Прашањето кое најчесто го добиваме од нашите пријатели и познаници во однос на совети за опрема: Какви планинарски чевли да купам? Кој е вашиот предлог?

Најлесниот одговор без да фаворизираме одреден бренд: Купете било какви, само да имаат Vibram ѓон и нема да погрешите…

Прочитај повеќе👇

Прашањето кое најчесто го добиваме од нашите пријатели и познаници во однос на совети за опрема: Какви планинарски чевли да купам? Кој е Вашиот предлог?

Врв Китка и врв Вирови на планина Козјак, Козјачија⛰️Во нашата земја има неколку врвови со име Китка❤️И да, сите се кој ...
18/10/2022

Врв Китка и врв Вирови на планина Козјак, Козјачија⛰️

Во нашата земја има неколку врвови со име Китка❤️
И да, сите се кој од кој поубав🧡

До сега сме биле само на Китка на нашата добро позната планина во прегратките на Караџица, југоисточно од Скопје. Но ова е врв Китка на планината Козјак (Козјачија) и е висок 1211 мнв. Ама верувајте погледот од карпестите врвови Китка и Вирови (1284 мнв) е како да сте качени негде над 2000 метри. Убавина недопрена во буквална смисла, само ние, сонцето, ветерот и многуте богомолки🦗и шипинките кои нѐ боцкаа постојано🤭

Тура👇

Рутата започнува од едно многу мало селце, с. Малотино, Кумановско, на некои 70тина км од Скопје. Патеката на моменти не е добро разгазена и маркацијата во некои делови ја нема, така што моравме да се снаоѓаме со нашиот гпс уред.

👉🏻Должина на патеката во правец до врв Вирови- 7-8км, а до врв Китка- 6.5км.
👉🏻Искачување- 600м
👉🏻Патека- сончева
👉🏻Погодна за деца-ДА🫶
👉🏻Кучиња- да, во селото

🔗детали за турата со gps запис и многу фотки ќе најдете на нашиот блог - www.turnimedakinisam.mk

📩секако пишете слободно за сѐ што ве интересира од сајтот и за било која тура. Со задоволство ќе споделиме сѐ што знаеме😍

Ајде сите на планина!😇
#турнимедакинисам #планина #ајденапланина #природа #истражијамакедонија #врвкитка1211мнв #козјакпланина #врввирови 🇲🇰

Прекрасна роуд тура до манастир Св. Прохор Пчински🧡Турата на нашиот сајт е од Скопје до манастирот и е вкупно околу 120-...
11/10/2022

Прекрасна роуд тура до манастир Св. Прохор Пчински🧡

Турата на нашиот сајт е од Скопје до манастирот и е вкупно околу 120-130км.
Ние поради недостиг на време ја започнавме од с. Младо Нагоричане од каде кратиме значителен дел од патеката ( вкупно возење 45 км) и ја избегнуваме гужвата околу Скопје / Куманово.

Од самиот почеток од с. Младо Нагоричане започнува прекрасно природно опкружување и идеален асфалт за нашите ROAD точачиња – летаме по асфалтот и уживаме во прекрасна природа. Го одминуваме с. Старо Нагоричане и се доближуваме до с. Челопек и реката Пчиња. Кај Челопек застануваме да ја одмериме Пчиња – тука Пчиња е бистра и магична.

Кога истражувавме за оваа тура, наидовме на еден многу важен податок: целата долина на реката Пчиња во соседна Србија е заштитено подрачје од Категорија 2 поради посебноста на флората и фауната. Да се надеваме дека нашите екологисти ќе се изборат долината на реката Пчиња да се заштити и во нашата држава во многу блиска иднина. За жал, значителното загадување на Пчиња започнува по вливот на реката Кумановка во околината на Куманово и при крајот на преубавата Бислимска Клисура, Пчиња се влева во Вардар – предел кој според своите карактеристика и природни убавини дефинитивно заслужува да биде ЗАШТИТЕН.

Го одминуваме Пелинце и навлегуваме во долината помеѓу планините Козјак (Козјачија) и Руен каде над нас се издигнува врвот Китка. Пристигнуваме на граничен премин и по 4км сме во Манастирот Прохор Пчински. Оваа тура може да ја карактеризираме како една од поубавите road тури во Македонија кои сме ги возеле, со прекрасна природа и клисури, осамени патишта и магичен финиш – Манастирот Прохор Пчински, место вредно за посета од културен и историски аспект.

Препорака👉🏻Турата од Младо Нагоричане до манастирот е погодна и за деца над 10 години со добро опремени велосипеди, бидејќи патот навистина не е фреквентен.

👉🏻деталите се на www.turnimedakinisam.mk
👉🏻лајк ако сакате вакви тури и парче убавина од нашата земја❤️
#турнимедакинисам #велосипед #прохорпчињски #манастир #манастирпрохорпчињски #велосипедист #пчиња

Да знаете само колку се плашевме од овој Титов Врв, сега ќе ни честитавте со гушкање, со сѐ по ред😂Ама… излезе дека Тито...
26/09/2022

Да знаете само колку се плашевме од овој Титов Врв, сега ќе ни честитавте со гушкање, со сѐ по ред😂
Ама… излезе дека Титов (2747м) за нас не е ништо посебно тежок😌А сепак, направивме еден чекор погоре од нашите граници❤️Па срцата полни и душите горди❤️Титов Врв е питома ламја, висок, но во овие услови кроток❤️
Ти благодариме за преубавиот ден🧡

Патеката по која ние го качивме Титов Врв е прилагодена за деца и семејства кои веќе планинарат.

Тура👉🏻Поаѓаме со Offroad возило (патот е прооден само со вакво возило) од Попова Шапка кон Конак до Вакафски Бачила по земјен трасиран пат во должина од 17 км. Го оставаме возилото веднаш после бачилото и продолжуваме по планинарска патека до Титов Врв во должина од 6.5 км во правец и 855 мнв искачување. Патеката практично се движи од јужната страна на Бакардан и поминува покрај врвот Мал Турчин кон седлото помеѓу Титов Врв и Бакардан. Оваа тура е идеална за сите оние кои не се чувствуваат подготвени за искачување на зимската патека и нуди прекрасни пејзажи на Бакардан и Мал Турчин.

Целата тура со детали и ГПС запис погледнете ја на нашиот блог
🔍www.turnimedakinisam.mk
Ако имате прашања, секогаш сме тука🤗 🫶

Ние одиме понатаму, а вие лајкнете нѐ за да имаме мотив плус😇
Ајде сите на планина!⛰️😍🤗😇
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #титовврв #големтурчин #планина #шарпланина #шара #2747 🇲🇰

Сакаме ли одлична фамилијарна тура како за почеток на есента?🍂😇🍃Ако да,  ова е дефинитивно за вас!☺️ 👉🏻Водопадите на Кам...
19/09/2022

Сакаме ли одлична фамилијарна тура како за почеток на есента?🍂😇🍃
Ако да, ова е дефинитивно за вас!☺️
👉🏻Водопадите на Камењанска река💦

Нас просто не ни се верува како живееме на пола час од ова место, а за рајов никој не ни кажал?😌

Значи…Во неделата ги посетивме 8те водопади на Камењанска река..
Патеката започнува од с.Камењане, ама ни рекоа вака: “ако сакате на водопадите, прво мора да пробате бурек под вршник во Камењане”😀и БИ бурек со матеница! Среќа што не е напорна патеката па бурекот не ни наштети многу😀

На самиот почеток на патеката наидувате на воденица стара 300 години.. колку беше прекрасен моментот Ева и Андреја да видат како се прави брашно..
Веднаш потоа влегувате во шума каде се чувствувате како да сте во бајка. 3 км прекрасен лавиринт со мовчиња, скалички, клупи на секој чекор, водопади и жубор на бистрата Камењанска река.
Водопадите се 8 на број, 7миот најголем и според нас најубав.

Патеката е кружна, првите 3км се водопадите и е шумска патеката (идеална за во лето), а потоа враќањето е по асфалтиран сончев пат.

Вкупна должина: 7.5км и висинска разлика од 350м.
Ајде сите на планина! Без оправдување🧡

🔍Детали и повеќе слики на нашиот блог: www.turnimedakinisam.mk
Нормално тука сме секогаш за прашања и во порака❤️
#турнимедакинисам #планина #ајдеситенапланина #камењане #камењанскиводопади #шарпланина #шара

Fifty shades of Охридско Езеро💙🌊💦🐟Не за џабе си го викаме Охридско море со тие интензивни нијанси на сина боја💙и замисле...
25/07/2022

Fifty shades of Охридско Езеро
💙🌊💦🐟

Не за џабе си го викаме Охридско море со тие интензивни нијанси на сина боја💙и замислете бистра вода чија провидност е и до 22 метри! Не е ни чудно со оглед на бројните врутоци и извори..

Заради таа недопрена природна убавина, бројните заливи, околните планини со врвови од над 2000м, преку 100те видови ендемски животни, нашето Охридско е во листата на природни реткости на УНЕСКО😇
Да си го чуваме!

Наша препорака е да ги истражите дивите плажи посебно од Заливот на Коските па сѐ до Св. Наум. До нив се стигнува само преку вода, па можете да изнајмите кајак или СУП даска или доколку имате ваша еве шанса да ја искористите на право место. Не пропуштајте и запознајте го езерото во вистинска смисла! 😌❣️
#турнимедакинисам #охридскоезеро #охрид #трпејца #македонијавечна 🇲🇰

Знаете колку го сакаме Охридско Езеро, посебно онаа негова недопрена убавина, дивите плажи и тиркизната чиста вода…💦🌊🏖За...
12/07/2022

Знаете колку го сакаме Охридско Езеро, посебно онаа негова недопрена убавина, дивите плажи и тиркизната чиста вода…💦🌊🏖

За прв пат ги истраживме плажичките од Градиште, покрај Заливот на коските па сѐ до Трпејца. Мир, спокој, чиста сина вода и рај за очи и душа. Такво си е ова езеро, најубавото, едно и единствено наше💙Треба да се обидеме само да го уживаме на вистински начин😇
СУП даските се супер можност за вакво уживање, плус не го загадувате езерото, ниту пак, сте опасност за пливачите😊
#турнимедакинисам #суп #охридскоезеро #педалборд #лето

Рајот се наоѓа тука во нашава земјa😇😯🥰…ако ве праша некој случајно…Лешница и Кривошијски водопад⛰ #турнимедакинисам     ...
30/06/2022

Рајот се наоѓа тука во нашава земјa😇😯🥰…ако ве праша некој случајно…

Лешница и Кривошијски водопад⛰
#турнимедакинисам #🇲🇰 🇲🇰 #лешница

Ова се сместувачките капацитети кои Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски - Градоначалник на Општина Чашка,...
30/06/2022

Ова се сместувачките капацитети кои Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски - Градоначалник на Општина Чашка, ги нуди за сите посетители - ПАРИЗ?? www.caska.gov.mk

Истиот градоначалник кој бесправно сака да го одземе Планинарскиот дом Папрадиште од владение на Планинарски Дом Папрадиште (Еколошка Групација Грин Пауер). Не ќе моќи Пантиќу..

Ајде сите заедно да го прославиме нашиот градоначалник - Шерувајте!

Планинарскиот дом Папрадиште/Mountain Hut Papradiste / Грин Пауер- со Вас сме.. ве сакаме!

Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija

Кампинг на Лешница⛰⛺️🏕💫💚Кој бил знае, кој не и не спиел во природа, посебно во најубавиот предел во Македонија, дефинити...
28/06/2022

Кампинг на Лешница⛰⛺️🏕💫💚

Кој бил знае, кој не и не спиел во природа, посебно во најубавиот предел во Македонија, дефинитивно не знае што пропушта☺️

Но, затоа сме ние тука, да ве убедиме, натераме, со топ фотки преку кои ќе ја доловите нестварната убавина на природата. Сето тоа во комбинација со одличната организација и супер дружбата со

Ден 1: Од Бозовце со целиот товар (шатор, храна, облека) супер организирани тргнуваме кон Лешница. По изминати 6км стигнуваме и си ги местиме куќичките (читај шаторите), па тргнуваме кон Кривошијските кади на мало разладувње (плус 1.5-2км во правец)
Попладнето и вечерта се магични..

Ден 2: Ранобудници уживаат во утрото во природа, кафе и појадок во мир, па тргнуваме кон Кривошијски водопад (околу 4км во правец). Ние тука бевме прв пат и бевме занемени буквално од убавина. Не само убавина, туку и дивина, домот на дивите животни (видовме двеее мечкиии🐻🐻)
Незаборавен викенд и кампинг..
најважната лекција за нас: можеме да се справиме со товар и со шатор. Значи Ева и Андреја пораснале😇🥹
Плус можат два дена без телефони👏👏👏😃
🔗Не заборавајте да читате детали нашите тури на www.turnimedakinisam.mk🧡веќе имаме стотици тури објавени😇
#турнимедакинисам #лешница #шара #шарпланина #шарпланинавополнсјај #ајдеситенапланина

Среќен роденден Марфи, планинариште наше, да нѐ радуваш уште долго и да искачиме уште многу врвови заедно❣️💫💚☺️те сакаме...
07/06/2022

Среќен роденден Марфи, планинариште наше, да нѐ радуваш уште долго и да искачиме уште многу врвови заедно❣️💫💚☺️те сакаме мафин еден брлив😃😘🐶🦴🤎🐾
📸First photo credit: , thanks😇
#бигли #турнимедакинисам

Врв ПЛАТ на Шар Планина💚2398мнвШто да кажеме и да доловиме со зборови и воедно да ве натераме да ја доживеете оваа убави...
24/05/2022

Врв ПЛАТ на Шар Планина💚2398мнв
Што да кажеме и да доловиме со зборови и воедно да ве натераме да ја доживеете оваа убавина на нашата најубава Шара…

Турата започнува од ПД Смрека.

На почетокот ве чека искачување во должина од 1 км и совладување висинска разлика од 200м. Следните 4 км патеката е практично без угорнини и се движиме на приближно 2.000 мнв со прекрасни живописни погледи кон север на врвовите Кобилица, Трескавец, Вртоп.

Се движиме во срцето на Шар Планина по една од најживописните патеки, широк трасиран земјен пат кој води до Долна Лешница. Патот е идеален и за MTB велосипедски тури, но за тоа во некоја друга прилика😊Уживаме во природата и го одминуваме Јелачки Црн Врв кој се наоѓа под нас кон север. По изминати идилични 4 км пристигнуваме до бачилото каде земјениот пат продолжува кон Долна Лешница и тука започнува планинарска патека кон Плат (врв Среден Камен, Титов Врв). Се одвојуваме од патот и продолжуваме по планинарската патека низ седлото на врвот Плат. Пред нас се отвораат неверојатни сцени и погледи кон Титов Врв, Среден Камен, Карабунар, Бакардан. По изминати 2 км пристигнуваме до месноста наречена Горна Лешница – крстосница од каде се можни следните насоки:
* Долна Лешница
* Титов Врв
* Среден Камен
* Плат
Се упатуваме кон врвот Плат, каде угорнината значително се зголемува и по 1,5 км напорно искачување пристигнуваме на врвот⛰На врвот се наоѓа прилично тесна карпеста формација со провалии – внимателно со деца. Неверојатен поглед на срцето на Шара и сите околни врвови⛰😇🌟
Не пропуштајте да дојдете на Шара, симнете било која тура од нашиот блог и уживајте. Не мора да искачите врв ако не се чувствувате подготвени, имате цели 4-5км одлични за почетници, а ќе вдишете навистина ретка убавина💚
Целата патека во двата правци е околу 16км😊
🔗www.turnimedakinisam.mk
#турнимедакинисам #планина #ајденапланина #природа #истражијамакедонија #врвплат #шара

Недокажани останавме со Матка, па еве уште некоја фотка💚 #турнимедакинисам  #планина  #матка  #кањонматка  #ајденапланин...
19/05/2022

Недокажани останавме со Матка, па еве уште некоја фотка💚
#турнимедакинисам #планина #матка #кањонматка #ајденапланина #македонија #природа

Ех.. години не сме биле на Матка. Сме заборавиле која убавина е, а толку блиску… 🌸Затоа викендов што измина одбравме едн...
17/05/2022

Ех.. години не сме биле на Матка. Сме заборавиле која убавина е, а толку блиску… 🌸Затоа викендов што измина одбравме една туричка, која со сигурност на многу од вас ќе им се допадне за летово, затоа што е супер за во летни топли денови🥰

Бонус👉🏻ќе посетите цркви и манастири кои можеби до сега не сте ги посетиле☺️

Тура👇

Турата ја започнуваме од црквата Св. Андреја – Матка. На неколку метри од црквата започнува планинарска патека јасно обележена. Обрасната е со вегетација што упатува на тоа дека не е многу посетена. Започнува веднаш со сериозен степен на угорнина и бара кондициска подготвеност. На одредени секции, искачувањето се одвива на карпест предел и бара сериозна внимателност како и користење на рацете при искачување.
Постои и полесна варијанта да се искачите до Црквата Св. Недела (с. Горна Матка до Св. Спас со теренско возило, и полесна планинарска патека од Св. Спас до Св. Недела во должина од 1 км.).
По приближно час и пол искачување пристигнуваме до Црквата Св. Недела каде правиме одмор пред црквата на неколку клупи и маси и се насладуваме на неверојатните погледи кон Матка и Шишевски Манастир. По краток одмор и фоткање се спуштаме кон Црквата Св. Спас – идеално место за дружба во природа – во дворот на црквата постојат повеќе маси и клупи за ужуванција во природа. За крај по планинарска патека се спуштаме до Св. Богородица на Матка – идеална кружна тура над Матка💫❣️😊

Препорака👉🏻на нашиот блог прочитајте повеќе за црквичката св. Недела која се наоѓа во рушевина од карпа со неверојатен поглед кон манастирот Шишевски😇

🔗турата може да ја симнете на блогот и да ги прочитате сите карактеристики и детали❤️ не ја пропуштајте!💚
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #планина #ајденапланина #природа #истражијамакедонија #матка #кањонматка

Тура низ Дервенска Клисура (клисура покрај реката Вардар) - овој викенд ја возевме со велосипед и дефинитивно треба да с...
03/05/2022

Тура низ Дервенска Клисура (клисура покрај реката Вардар) - овој викенд ја возевме со велосипед и дефинитивно треба да се доживее! 🚴🚴‍♀️❤️
Се протега од утоката на Беловишка Река до селото Рашче во должина од 21,5 км.

Турата ја започнуваме од населба Аеродром. Доколку сакате да го избегнете градскиот метеж, турата може да ја започнете од с. Кондово или од крстосницата кај село Рашче.
Од с. Кондово, сообраќајот е значително намален и од тука започнува вистинското уживање. Го одминуваме с. Рашче и тука започнува Дервенска Клисура, каде возиме веднаш покрај реката Вардар, а лево од нас надвиснуваат падините на планината Жеден. Патеката е идеална за ROAD велосипеди бидејќи има благи угорнини и асфалтот е одличен. Од с. Рашче до с. Радуша возиме приближно 7 км. во прекрасно природно опкружување покрај Вардар. На одредени секции, текот на реката Вардар е прилично мирен, но кај с. Дворце и Долно Орашје, текот на реката Вардар е значително бурен со силни брзаци и пенлива вода кои со силен татнеж одекнуваат во клисурата – невообичаено доживување кога поминувате толку блиску со велосипед. Го одминуваме Долно Орашје и по приближно 5 км излегуваме од Дервенска Клисура и пред нас се отвара прекрасен поглед на снежните врвови на Шар Планина – Љуботен, Пирибег, Езерски Врв, Пескови.. По неколку километри ја одминуваме заборавената железничка станица во Јегуновце и пристигнуваме на нашата цел – с. Јегуновце на по едно пиво во Стара Банка😍
За крај: носете резервна гума, ние моравме да направиме две паузи за лепење гуми!

🔗Повеќе детали за турата и гпс запис на нашиот блог www.turnimedakinisam.mk
#турнимедакинисам #природа #истражијамакедонија #велосипед #јегуновце

Христос воскресе! Честит Велигден каде и да сте💚Пред да наздравиме, да се кршиме со јајца и да јадеме Мимоза салата, се ...
24/04/2022

Христос воскресе! Честит Велигден каде и да сте💚

Пред да наздравиме, да се кршиме со јајца и да јадеме Мимоза салата, се качивме на нашиот омилен Црн Камен (1585мнв) на Скопска Црна Гора😇⛰😍

Делов непосредно пред искачувањето е неверојатен.. широки полиња полни со виолетови качунки🌸мора да дојдете😍

Од с. Бродец до врвот Црн Камен има околу 4-5км во правец или околу 3 часа искачување со деца, може и помалку😊од Спирова колиба уште околу 45минути искачување.

Пролетта е дефинитивно најубавото годишно време за нас😍
#турнимедакинисам #ајденапланина #скопскацрнагора #црнкамен

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when turnimedakinisam.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to turnimedakinisam.mk:

Videos

Shortcuts

  • Address
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Videos
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Travel Agency?

Share