18/11/2023
ДАЛИ МАТИЧНИОТ МЛЕЧ НАВИСТИНА Е ЕЛИКСИР НА ДОЛГОВЕЧНОСТА?
Матичниот млеч е биолошки активна супстанца која ја произведуваат пчелите работнички со своите жлезди за да се хранат ларвите на пчелите до третиот ден од животот, а ларвите на матицата во текот на сите 16 дена од растењето на матицата во матичњакот и матицата е единствената во пчелното семејство која јаде само матичен млеч и ништо друго во текот на целиот нејзин развој и во текот на животот.
Таквата исхрана и овозможува на матицата во еден ден да снесе повеќе јајца отколку што тежи, но и да живее многу подолго (матицата живее од 2 до 9 години) од пчелата работничка која живее максимум до 45 дена.
Спроведени се бројни истражувања, финансирани главно од богати луѓе кои би сакале да си го продолжат животот, со цел да се утврди како тоа матичниот млеч и го овозможува на матицата, а она што досега е докажано е дека биолошки активните протеини во матичниот млеч дефинитивно се директно одговорни за овие ефекти. Со други зборови, протеините од матичниот млеч се единствените одговорни за долгиот живот на матицата и дефинитивно е сигурно дека матицата живее долго затоа што кога била „бебе“ јадела само матичен млеч и целиот свој живот јаде само матичен млеч.
Матичниот млеч содржи 15% протеини, а половина од тоа количество го сочинува само еден т.н. главен протеин, односно ројалазин, кој е најмногу изучуван. Ројалазинот има имуностимулативно дејство, односно го зголемува лачењето на цитокините во организмот. Токму пради овој протеин и матичната млеч на англиски се нарекува „Royal jelly“
И во медот има ројалазин, но само 0,01-0,02%, што е 375-750 пати помалку одколку во матичниот млеч, но и толку мала количина во медот е доволна за одржување на човечкиот имунолошки систем на завидно ниво на активност. Како доказ за тоа, научниците го наведуваат физичкото отстранување на протеините од медот, а таквиот мед не ги дал наведените ефекти во експериментите. Тогаш можете да замислите какви ефекти има самиот матичен млеч врз телото со толку високи нивоа на биолошки активни протеини во споредба со медот.
Можеби е добро да се напомене дека во свежиот полен и во пергата има уште поголема количина ројалазин отколку во медот, па мешавината на мед со полен и прополис претставува исто така имунитетска бомба за човечкиот организам.
Проблемот со сите протеини од матичен млеч е што тие брзо се разградуваат на собна температура. Затоа матичниот млеч се вади од матичњакот (Сатни ќелии во кои се одгледуваат матиците за собирање на матична млеч) и тоа во моментот кога е во најголема количина. Од 5 матичњаци во просек се добива 1 грам матичен млеч.
Веднаш по вадењето матичниот млеч се става во стаклени шишенца кои херметички се затвораат и веднаш се ставаат во замрзнувач. Доколку матичната млеч се измеша со мед, истиот треба да се чува во фрижидер и да се искористи во најкус можен рок (до еден месец).
Матичниот млеч може да се конзумира и сам за себе, но истиот мора постојано да го чувате во замрзнувач, да го отворите замрзнувачот во моментот на консумирање, да земете соодветна количина и да го вратите шишенцето во замрзнувач до следната употреба.
Матичниот млеч има пријатен млечно-кисел вкус. Тоа е затоа што матичната млеч има албумински карактер сличен на млекото, но е различен, биолошки активен албумин. Покрај 15% протеини, матичната млеч содржи и 7% масни киселини.
Едно е сигурно. Редовното конзумирање на мед и пчелни производи во голема мерка го подига имнитетот на чиовечкиот организам и го подига одбрамбениот систем на многу повисоко ниво.
Од овие причини силно се препорачува, редовно да се конзумираат природни пчелни производи со цел навреме да се подготвите за сезоната на вируси и настинки кои се пред нас.
Извор: Др. мед. Родољуб Живадиновиќ, (претседател на Сојузот на пчеларски организации на Србија)