Cosmos Travel Macedonia

Cosmos Travel Macedonia Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Cosmos Travel Macedonia, Travel Company, Улица Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 30/3 лок. 6 Аеродром Скопје, Скопје.

🇮🇹 ЕМИЛИЈА РОМАЊА за Велигден 🐰🌺 Уживање за сите сетила во гурманската престолнина на Италија 🍕🥘🍹   🇮🇹  Болоња - Ферара-...
13/02/2025

🇮🇹 ЕМИЛИЈА РОМАЊА за Велигден 🐰🌺 Уживање за сите сетила во гурманската престолнина на Италија 🍕🥘🍹
🇮🇹 Болоња - Ферара- Римини- Сан Марино- Равена-Парма - Модена 🇮🇹
‼️ СИГУРНА реализација !!!
💥 Промо цена за рана резервација -189€ !!!
🗓 Термин 17 Април

Емилија - Ромања: најбогата меѓу 20-те Италијански регии и една од најразвиените во Европа, спој на две покраини , Емилија и Ромања, во долината на најголемата Италијанска река По. Искористете ја можноста да ги посетите најубавите центри на регионот... Болоња, Ферара, Римини, Сан Марино, Равена, Парма и Модена и да ја уживате во убедливо најдобрите кулинарски специјалитети во Италија...

Повеќе инфо:
Инбокс или вибер
📲 075 609 269

1 ДЕН 17.04.2025 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 10 30 ч. Поаѓање во 11:00 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 18.04.2025 ФЕРАРА- РИМИНИ

Во утринските часови пристигнување во Ферара, еден од најголемите центри на уметноста во Италија во 16-отвек.Прошетка во стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби а со својата убавина посебно се истакнува дворецот на властелинското семејството Д’Есте. Слободно време за испивање на утринското кафе... продолжуваме кон Римини.



Oчекувано пристигнување во Римини во пладневните часови, започнуваме со прошетка низ стариот дел на градот ( факултативно) ... катедралата Tempio Malatestiano, изградена во 11-иот век, триумфалната капија, мостот на Тиберие... Сместување во хотел . По сместувањето, слободно време за одмор и индивидуални прошетки... Ноќевање.

03 ДЕН 19.04.2025 САН МАРИНО - РАВЕНА

Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до Равена и Сан Марино. Во рамката на своите древни зидини, Равена ги чува богатите мозаички наследства, од кои повеќето датираат од 5-ти и 6-ти век... од тие причини ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признаени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО . По пристигнувањето во Равена ќе го посетиме гробот на Данте Алигиери, творецот на модерниот италијански јазик и автор на Боженствената комедија... ќе ја слушнеме и приказната за највлијателниот италијански поет на сите времиња, прошетка до базиликата Сан Витале... Кафе пауза... Продолжуваме накај Сан Марино, по пристигнувањето прошетка до базиликата Сан Марина и Народната палата... слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови враќање во Римини. Ноќевање.



04 ДЕН 20.04.2025 ПАРМА - МОДЕНА :

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до Парма и Модена. Парма е втор град по големина во регијата и е позната по производство на пармезан и шунка... Прошетка низ центарот на градот, плоштадот Гарибалди, романичката катедрала и крстилницата од 11 век... слободно време заиндивидуалниактивности и прошетки. Продолжуваме кон Модена, родниот градна светскимпознатиот тенор ЛучианоПавароти, нои како “престолнина на машини “, заради фабриките на најпознатите италијанскимпроизводители на автомобили како Ферари, Масерати, Пагани и Де Томасо. Прошетката започнува со стариот дел на градот и D’uomo-то , една од најубавите романички катедрали во Италија, кулата Ghirlandina, симболот на ривалството помеѓу Болоња и и Модена. Слободно време заиндивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.



05 ДЕН 21.04.2025 РИМИНИ – БОЛОЊА- СКОПЈЕ:

Појадок. Одјавување од хотел. Задолжителна целодневна посета на Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и врвна Болоњска кујна. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време, состанок на групата и поаѓање накај македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.



06 ДЕН 22.04.2025 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје во попладневните часови.



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2025 : 189€ / 11.780 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 ден



ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,Сместување во Римини , хотел 3*, на база 3 ноќевања со појадок,Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.Попатна посета на Ферара

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување 350 мкд,
Прошетка во историскиот центар на Римини (15€)
Целодневна екскурзија Равена и Сан Марино (60€)
Екскурзија Модена и Парма(55€)
Задолжителна посета на Болоња (30€)
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ 150€
Туристичка такса во Римини (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
Влезници за културно историски споменици, музеи.
Билети за јавен превоз
Доплата за еднокреветна соба 4.500 ден
Доплата за избор на седиште 20€
Доплатаза празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денариЗа резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓањеОстанатите услови на патување важат според годишниот програм на агенцијата организатор.Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Т.А.Космос Травел Скопје

🐰🐣🌺 Придружете Ни се на нашите патувања за Велигден ,и резервирајте  по промо цени💥💥Промо цените важат за резервации нап...
08/02/2025

🐰🐣🌺 Придружете Ни се на нашите патувања за Велигден ,и резервирајте по промо цени💥
💥Промо цените важат за резервации направени до 15.02.2025.

💥 Азурен брег 3НП - 279 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Фиренца-Чинкве Тере 3НП - 199 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Кападокија 3НП со Соленото езеро -269 евра Сигурна Реализација !!!
💥Прага 3НП (Дрезден - Карлови Вари - Виена) - 229 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Истанбул 1001 ноќ 3НП- 159 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Емилија Ромања 3НП -189 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Венеција (Трст-Верона-Миално) 2НП - 169 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Истанбул 4НП Авионска Програма - 399 евра Сигурна Реализација !!!

Повеќе инфо:
Инбокс или вибер
📲 075 609 269

Т.А.Космос Травел-Скопје

🥚🎈Магичната Кападокија за Велигден 2025 🥚🎈‼️ Сигурна реализација !💥 ПРОМО цена за рана резервација :  269€🏨 Хотел 4* или...
03/02/2025

🥚🎈Магичната Кападокија за Велигден 2025 🥚🎈
‼️ Сигурна реализација !
💥 ПРОМО цена за рана резервација : 269€
🏨 Хотел 4* или Cave/Stone автентични хотели во срцето на Кападокија / 3 ноќевања со појадок
📅 термин: 17 Април 2025

🔥 Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили, убави коњи и пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.
Придружете ни се на патувањето кое ги спојува пејзажите со карпи во необични форми, лет со балон над магичната Кападокија.

Инфо и резервации:
📲075 609 269

Термин : 17 Април 2025



01 ден: СКОПЈЕ – СОЛЕНО ЕЗЕРО - КАПАДОКИЈА: Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08.30 и поаѓање во 09.00 ч. Се патува преку граничниот премин Богородица, покрај Солун, Кавала, гр. премин Ипсала, покрај Текирдак, Истанбул, Анкара. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со самата програма.

Ноќно возење.

02 ден: СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Се возиме низ централна Анадолија кон Кападокија со утринска пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија, , со 2-часовна попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир.. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во одбран хотел ( после 14ч.) и краток одмор.

Попладне предлагаме прошетка на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 10 ТЛ), првите „самовилини оџаци„ улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.

Ноќевање.

03 - 5 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : Престој на база ноќевање со појадок. Сите денови се предвидени прекрасни факултативни излети и атракции. Распоредот на истите ќе биде во зависност од бројот на патниците. Има можност сите излети да се реализираат со магијата на нашиот водич и нашиот преставник во Кападокија.

05 ден 26.10.2024 : ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Го сместуваме багажот во автобус. Магијата на Кападокија продолжува до 19:00 часот.

Полни со впечатоци, околу 19:00 поаѓаме кон Македонија Патувањето го продолжуваме покрај Анкара, Истанбул, Текирдаг, гр.премин Ипсала, покрај Кавала, Солун, гр.премин Богородица, со попатни паузи. Ноќно возење.

06 Ден : СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните часови.



За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

ЛЕТ СО БАЛОН: од долините пред „Музејот на отворено-Гореме„ во мугрите, пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа авантура никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако...чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига 700 -1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).



МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:

Почнуваме со панорамски поглед од највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км....

Продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река...

Враќање во хотел.



СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:

Предлагаме особено возбудлив излеткој води буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Пашаба долината е прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„. Враќање во хотел.



МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА:

Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

* Тврдината Учхисар: Највисокото брдо/тврдина во Кападокија. Прошетка низ долините во подножјето на тврдината каде до 80-ти год. од минатиот век живееле луѓе во пештерите под брдото. Можност да се видат се уште автентични „домови„ од блиското минато.

*Посета на голем салон и продавница за слатки и сушени овошни плодови.



* Долината на „Трите Убавици„: Посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”. Една од 3-те најпознати „разгледници„ на Кападокија.

* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета/четврта генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија 1923/4 г. кои сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија.

* Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша, градена од страна на богатите жители (Грци) на Мустафапаша.

* Јerveni cave hotel:Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE (пештерски) хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Во големото фоаје на хотелот е прикажана и историјата на мачното патешествие на жителите – Турци од Јервени, Егејска Македонија кои таму живееле, некои со векови. Ќе слушнете тажна приказна за протераните жители со размената на населението 1923 помеѓу Грција и Турција.

Заслужуваме пауза за едно вистинско турско кафе или турски чај.



* Ортахисар. Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате прекрасен панорамски поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.

Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме или ........

ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола за управување не е потребна) или....



- “BUS SUNSET TOUR”: Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.

Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.



ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални фолклорни танци од разни страни на Турција и секако ориентален стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Секако дека навоѓаме временски простор, покрај сите излети, да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните (ако летаат).

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните (ако летаат).

JEEP SAFARI 2 часа: Утринско возење низ нови долини: ”Долината Узенгија”-скриениот рај на Кападокија, долина богата со кислород и лековита минерална вода. Потоа ве возат до долината каде е мистериозниот Манастир Халач или Манастирската болница и за крај посета на ридот Зиндан – Антички карпест објект кој служел како судница...

“NOAH’S ARK” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме. – Уникатно доживување, престој во потполно нов Cave/Stone хотел, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi. Ограничен број на соби. Дополнителни соби, во блиските cave/stone.хотели во зависност од бараниот тип на собите ги одредува локалната агенција.





ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.02.2025: 269 € /16.680 ден
/Редовна цена 299 € /18.540 ден





ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во Cave/Stone хотел
во центарот на Гореме, во срцето на Кападокија.

Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,Прошетка низ Гореме,
Посета на трговски центар Форум во Невшехир
Организација на патувањето и секако лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Патничко здравствено осигурување: 350 мкд, (Задолжително, Агенцијата посредува)
Туристичка такса 2 € по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
Доплата за еднокреветна соба: 4200 ден
Избор на седиште во автобус (освен прв ред): 20 евра. (1240 ден)




ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во Кападокија



“Магична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници,превоз, локален водич: (65€),
“Срцето на Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници, превоз, локален водич: (65€),
“Мистична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), превоз, локален водич : (55€),


ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”
“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 170 €

КОМБО Пакет: Пакет излети „Магија на Кападокија„ + Турска вечер : 200€




Цени на дополнителни факултативни атракции во Кападокија


ЛЕТ СО БАЛОН - од 130-150 € (просечна Мартовска цена од 2024). Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би навреме резервирале балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.
ATV SUNSET TOUR, (30€) по лице трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (мин 2 лица)
ЦРВЕНА ДОЛИНА (20€),со залез на сонцето, превоз, локален водич, (мин. 6 лица)
ТУРСКА ВЕЧЕР(45€), со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич:
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ (25€): церемонија , превоз, локален водич:
КОЊИна ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€):
КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€):
JEEP SAFARI(45€) 2 часа: (цена по лице, за минимум 4 лица)
Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник во Турција
НАПОМЕНА: Распоредот и сатниците на факултативните излети, посети, дополнителни атракции, може да претрпи измени, во зависност од временските услови и можности. Сите излети се организираат без оглед на бројот на пријавените патници (освен каде е наведено). Нема откажувања за веќе пријавените излети.

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50% за ПРОМО цена, или 30% за редовна цена. Целосно плаќање на аранжманот се прави најдоцна 15 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата или со доплата за избор на седиште.

* Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на агенцијата организатор, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

Т.А.Космос Травел









КАПАДОКИЈА -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии... се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска

🎀🎁🎉Последни места ‼️ ПРОМО ЦЕНИ за 8-ми Март 2025.💥‼️Промо цената важи за резервации со пакет или сите факултативни изле...
12/01/2025

🎀🎁🎉Последни места ‼️
ПРОМО ЦЕНИ за 8-ми Март 2025.💥
‼️Промо цената важи за резервации со пакет или сите факултативни излети .

💥 Азурен брег 3НП (Хотел Кан)- 269 евра или (Хотел Ница )- 289 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Емилија Ромања ( Болоња - Ферара- Сан Марино-Равена - Модена - Парма)-3НП -199 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Фиренца-Чинкве Тере 3НП - 199 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Прага 3НП (Дрезден - Карлови Вари - Виена) - 199 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Кападокија 3НП Автобус -269 евра Сигурна Реализација !!!
💥 Истанбул со Принцески острови 3НП- 149 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Венеција (Трст-Верона-Миално) 2НП - 149 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Истанбул 2НП -119 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Виена 2НП- 209 евра
💥 Чао Италија 3НП ( Рим - Неапол- Помпеа- Фиренца) - 329 евра
💥 Кападокија АВИОН 3НП- 499 евра - Сигурна Реализација !!!
💥 Кападокија АВИОН 4НП- 549 евра - Сигурна Реализација !!!

Повеќе инфо инбокс или вибер
📲 075 609 269

Т.А. Космос Травел

‼️EARLY BOOKING ‼️🌊🌞🥤 ЛЕТО -Грција 2025та  🍹🌴🌞 🗓️ -12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2024-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31...
07/01/2025

‼️EARLY BOOKING ‼️
🌊🌞🥤 ЛЕТО -Грција 2025та 🍹🌴🌞
🗓️ -12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2024
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2025,
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2025,

💥ВИЛА ОДИСЕА -ПАРАЛИЈА

Повеќе инфо во инбокс или вибер:
📲075 609 269

Вила Одисеа се наоѓа во Паралија на 30м од плажа, на втор ред, лоцирана на самата пешачка улица на Паралија. Располага со двокреветни и трокреветни студиа, сите на трет спрат, опремени со сопствен тоалет, тераса, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, ТВ, wi-fi, клима (7еур на ден, се плаќа на лице место)

Опис на сместувањето:
бр.200 - еден спален кревет и еден единечен кревет /
бр.201 - еден спален кревет и еден единечен кревет
бр.202 - 2 единечни кревети /
бр.203 - 2 единечни кревети
бр.204 - еден спален кревет и еден единечен кревет/
бр.205 - 2 единечни душеци во една спална рамка
бр.206 - еден спален кревет и еден единечен кревет /
бр.207 - еден спален кревет и еден единечен кревет
бр.209 - еден спален кревет и еден единечен кревет /
бр.210 - еден спален кревет и еден единечен кревет+ранџо
-Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
-Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)(првите три и последните две смени се промо термини, и не подложат на попуст и се резервираат со 50% аконтација)
-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.12.2024. И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 05.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 05.02.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 05.05.2025

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Паралија чини:ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа:
-Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 45€ по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице
-Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа: -Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 45€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 45€
-Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 55€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -55€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -55€ по лице
Релациите кои се наведени како (трансвер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
*Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ и агенцијата организатор.

Т.А.Космос Травел

‼️EARLY BOOKING ‼️🌊🌞😎 ЛЕТО -Грција 2025та   😎🌞 🗓️ -15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.01.2025,  ‼️ГЕРАКИНИ - ВИЛА ДЕКАВИЛ‼️ ...
07/01/2025

‼️EARLY BOOKING ‼️
🌊🌞😎 ЛЕТО -Грција 2025та 😎🌞
🗓️ -15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.01.2025,

‼️ГЕРАКИНИ - ВИЛА ДЕКАВИЛ‼️
‼️ГЕРАКИНИ - ВИЛА МЕГА ХАУС‼️
‼️ГЕРАКИНИ - АПАРТ ХОТЕЛ ДЕКАВИЛ‼️

Повеќе инфо во инбокс или вибер:
📲075 609 269

ВИЛА ДЕКАВИЛЕ - ГЕРАКИНИ
-----------------------------------
Вила Декавиле 2* се наоѓа во Геракини, на 500м од плажата на Геракини, на 200м од најблиска прва плажа, на 1,9км од Gkarlis Beach, и на 2,7км од Псакудиа. Вилата има поглед на море, паркинг, базен и скара кои им е на располагање на клиентите.Сите соби располагаат со клима (со доплата на лице место 7еур ден), TV, wi-fi сопствен тоалет, тераса, регуларна кујна со прибор за готвење и јадење

Опис на сместувањето:бр.1 едноспален апаратман на втор спрат за 3 возрасни лица и дете до 11,99год, апартманот има една спална соба со дупло легло, и во дневната соба софа за 1возр+1дете
бр.2 едноспален апартман на прв спрат за 3 возрасни лица и дете до 11,99год, апартманот има една спална соба со дупло легло, и во дневната соба софа за 1возр+1дете
бр.3 студио на прв спрат -1/2+1 Студио со капацитет за 3 возрасни лица, студиото има две регуларни легла и едно дополнително екстра легло на расклопување.
бр.4 двоспален свит на прв спрат, една спална соба со дупло спално легло, втора спална соба со две единечни легла, дневена соба со софа, свитот е со капацитет за 5 возрасни лица + 1дете до 11,99год
бр.5 двоспален апартман на приземје со една спална соба со дупло легло и втора спална со две единечни легла, со капацитет на 4 возрасни + 1 дете до 5,99год кое дели легло со родители
бр.6 двоспален апартман на приземје со една спална соба со дупло легло и втора спална со две единечни легла, со капацитет на 4 возрасни + 1 дете до 5,99год кое дели легло со родители.
Сликите кои се објавени се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).-Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
Резервација на промо цени се прави со 50% уплата.-
15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.01.2025, И 100% УПЛАТА ДО 05.02.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025, И 100% УПЛАТА ДО 05.02.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025, И 100% УПЛАТА ДО 05.04.2025

ГЕРАКИНИ – МЕГА ХАУС
-----------------------------
Мега Хаус се наоѓа во Геракини, на помалку од 90м од првата песочна плажа. Објектот располага со три комфорни двоспални апартмани од кои еден апартман на приземје и два на прв спрат, составени од две спални соби и дневен простор со софа, една спална со дупло легло, втора спална со две единечни легла, кујна опремена со садови за готвење и јадење, тоалет, клима со доплата на лице место од 7еур на ден, ТВ, wi-fi конекција.Пред самата вила има паркинг кој е бесплатен за користење. Максимум капацитет на 4 возрасни лица и 2 деца до 5,99год. Собите се лоцирани:
бр.Z2 - на приземје,
бр.Z3 & Z4 на прв спрат.
-Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD). -Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. Резервација на промо цени се прави со 50% уплата.Првите два и последните два термина се промо цени
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.02.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.02.2025. СО 100% УПЛАТА ДО 28.02.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.03.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 25.03.2025

Апарт-Хотел Декавил 3*
---------------------------
се наоѓа на влезот во Геракини, на оддалеченост околу 30 метри од песочната плажа. Апарт хотелот се состои од двокреветни, 1/2+1 со фотеља на расклопување (погодна за деца до 11,99год) 1/2+1 со кревет на извлекување (големина за возрасен) и четворокреветно студио (на приземје), едноспален апартман со поглед на море лоциран на прв спрат составен од кујна, тоалет и 2 простории, една со креветчиња на спрат, и спална со спален кревет која излага на балкон со директен поглед на море. Останатите соби се наоѓаат на приземје, први и втори кат, дел од нив гледаат странично на море. Исто така една двокреветна соба има можност за сместување на лице со посебни потреби, т.е има механизам за влез во соба преку тераса, доколку користи количка за движење. Собите се со комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (50 евра за 7 ноќевања) и интернет вклучен во цената. Во склоп на вилата има мал ресторан, каде се служи кафе и пијалоци, наутро може да се подготви појадок по пристапни цени (ладен и топол појадок)
Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Туристичка такса се плаќа на лице место, по соба на ден 5еур, за хотел со категоризација 3*
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 25.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 05.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 05.05.2025(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст, истите се резервираат со 50% аконтација)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ситонија – Геракини (секоја Сабота)Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Геракини чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Сабота) -Скопје (Дрводекор) – 55еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес –70еур по лице
-Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 55еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –55еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 55еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ситонија: Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 50еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –60еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –60еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 60еур по лице Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 60еур по лице Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиштеОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
*Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) *Важат Општите услови на СКТМ и агенцијата организатор.

Т.А.Космос Травел

Address

Улица Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 30/3 лок. 6 Аеродром Скопје
Скопје
1000

Telephone

+38975609269

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Cosmos Travel Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Cosmos Travel Macedonia:

Videos

Share

Category