07/11/2024
👉„БН“ ПЧЕЛАРНИК - НАЦО ЈОВЧЕВСКИ
Villa Old House BN
🐝Со нескриена страст и восхитеност Нацо зборува за пчелите: кога и да го посетите нивниот семеен пчеларник БН во Дихово, ќе дознаете се за ова жолто злато, за тоа колку го движат светот, односно колку биодиверзитетот зависи од нив, и дека и тие, малите крилести суштества знаат што е лојалност и љубов.
Инаку, пчеларник БН е формиран пред 19 години, и се темелеше на големата слика. А започнаа од малата: со едно пчелно семејство, за да сега прерасне во фамилијарен бизнис со повеќе од 450 пчелни семејства.
🗣„Од 2014 година започнавме со Апитуризам, две години подоцна ја отворивме првата апикомора во Македонија- раскажува Нацо. „Во нашите пчеларници се произведуват сите пчелни производи- мед, матичен млеч, полен, прополис, восок и пчелин отров. Сето тоа ќе го има на Слоу Фуд салонот во Скопје. Ве очекувам.“
📅 SLOW FOOD САЛОН 2024: Ние сме заедница!
09.11 2024 година, 12-20 часот, сабота
Хотел Лимак, Скопје
🎉Купете си влезница онлајн: https://shorturl.at/i78vO
👍Slow Food салон 2024 се организира со финансиска поддршка на We Effect Europe И Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
#СлоуФудСалон2024 #НиеСмеЗаедница!