Visit Gevgelija

Visit Gevgelija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Visit Gevgelija, Tour guide, Гевгелија, П. Југословенска Репуб. Македонија, Gevgelija.
(1)

21/02/2021

Вака некако ќе ја почнеме приказната за семејниот бизнис на семејството Митрови од с. Мрзенци и нивниот ресторан ЈАВОР АГАПИ- а разговорот го водиме со Билјана Митр...

19/04/2020
10/02/2020

Планината Кожуф зафаќа површина од 1000 км2 и се простира на територијата на две држави (Република Македонија и Република Грција). Во границите на Република Македониј...

VISIT GEVGELIJA е здружение на туристичките работници основано со цел да ја промовира туристичката понуда на Општина Гев...
20/12/2019

VISIT GEVGELIJA е здружение на туристичките работници основано со цел да ја промовира туристичката понуда на Општина Гевгелија и поширокиот регион и да ги обедини сите заинтересирани туристички работници, компании и поединци кои имаат заеднички интерес во остварување на своите деловни потфати.
Општина Гевгелија прераснува во сериозна туристичка дестинација со единствена и разнообразна туристичка понуда, која треба да ја стави на картата на важни туристички дестинации за домашните и странските гости.
Оваа здружение ќе придонесе до реализирање на квалитетна платформа и стратегија која ќе овозможи развојот на туризмот да се одвива со забрзано и квалитетно темпо во интерес на сите
туристички работници и сите други поврзани дејности и сервиси поврзани со туризмот.
Касино туризмот, здравствениот туризам, бањскиот туризам, планинскиот туризам, транзитниот туризам се дел од туристичката понуда која ја нуди општина Гевгелија. Оваа понуда треба да биде
адекватно презентирана и квалитетно понудена на домашниот и на странскиот пазар.
Можностите за проширување и унапредување на оваа понуда и на нови туристички атракции се огромни.
Локацијата на Гевгелија од географски аспект е единствена во целиот свет. Не постои ниту едно друго место на светот каде во радиус од 100 километри има прекрасни морски плажи, планини
високи над 2000 метри, природни езера, термални води, реки и четири годишни времиња. И инфраструктурното поврзување на Гевгелија е единствено со два меѓународни аеродрома на еден
час возење, автопатниот коридор 10, железничкта пруга Европа-Атина и два гранични премина со Грција.
Оваа здружение, со активна политика ќе настапува и пред локалната и државната власт со цел остварување на целите на туристичките компании и работници од Гевгелискиот регион.
Имајки го во предвид и приближувањето на Македонија кон Европската унија, здружението ќе има огромна улога и во доменот на пристап и достапност на финасиски средства наменети за
подршка и развој на туризмот што е на врвот на агендата на Европските програми за подршка на државите членки и кандидати.
Ги повикуваме сите заинтересирани комапании, туристички работници и физички лица да се приклучат кон оваа здружение и заеднички да пристапиме кон подготовка на актите и програмата
на здружението. Членството е безплатно, потребен е само вашиот ангажман со вашите идеи.

Address

Гевгелија, П. Југословенска Репуб. Македонија
Gevgelija
1481

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Visit Gevgelija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category


Other Gevgelija travel agencies

Show All

You may also like