Основана во 1990, Т.А. Балкан Турист го градеше своето име како бренд што означува квалитет и доверба преку успешното работење во текот на изминатите 32 години. Од 01. Ноември 2022 година се Ребрендира во "МС - Травел Сервис".Со тоа ја освоивме довербата на многу клиенти кои редовно ги користат нашите услуги. Денес, Балкан Турист е една од главните агенции во областа на рекреативниот туризам.
Со
комбинирање на искуството, знаењето и големата мрежа на партнери стекнати во овие години исполнети со активности и љубов кон патувањето, МС - Травел Сервис".секојдневно им нуди се’ повеќе и поразлични услуги на своите клиенти. Ги одбравме највозбудливите дестинации, со најекслкузивните програми, во најудобните хотели, со посебен акцент на задоволување на посебните барања за нашите клиенти.
Како прва приватна туристичка агенција во Кавадарци, Т.А. "МС - Травел Сервис".нуди екслузивен сет на услуги, со цел да го поедностави патувањето на своите клиенти. Ги нудиме следниве услуги:
ЛЕТУВАЊА И ЗИМУВАЊА во Македонија и во странство
ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ
АВИОНСКИ и АВТОБУСКИ БИЛЕТИ
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОРГАНИЗИРАНИ ПАТУВАЊА И РАЗГЛЕДИ со сопствени автобуси
ОРГАНИЗИРАЊЕ КОНФЕРЕНЦИИ И СЕМИНАРИ
ЕКСКУРЗИИ за ученици и студенти
ЕКСКЛУЗИВНИ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ
ИНФОРМАЦИИ И КОНСУЛТАЦИИ ЗА ПАТУВАЊА
ПАТНИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО
Порастот на компнијата се должи на динамичноста и креативноста на менаџерскиот тим, како и на напорната работа на сите вработени. Како членка на АТАМ и IATA , Т.А. МС - Травел Сервис".поседува Лиценца А за вршење туристичка дејност, како и акредитирани туристички водичи и придружници. Нашата цел е да бидиме водечка туристичка агенција на пазарот обезбедувајќи брзи и беспрекорни услуги на своите клиенти.
Задачи:
- Обезбедување беспрекорна услуга за своите клиенти;
- Развивање конкурентни туристички призводи;
- Зголемување на партнерската мрежа со повеќе агенции, хотели и тур оператори од земјава и од странство;
- Професионален однос, комуникациски вештини и постојана грижа за корисници со цел да ги задоволиме нивните барања и да ги да надминеме нивните очекувања
- Поддршка на Агенцијата за развој и промоција на туризмот преку промовирање на Македонија во други држави, на тој начин зајакнувајќи го нашето присуство на меѓународниот пазар;
- Организирање патувања со спомени што би го задоволиле секој клиент;
- Зголемување на бројот на верни клиенти и партнери.