Turisticka agencija CUFLE Kocani

Turisticka agencija CUFLE Kocani Туристичка агенција

Manastir Tumane-Golubovocka tvrdina-Srebreno ezero.Prekrasna prosetka,so prekrasna grupa na lugje.
27/10/2022

Manastir Tumane-Golubovocka tvrdina-Srebreno ezero.Prekrasna prosetka,so prekrasna grupa na lugje.

НАСКОРО!!!Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🌍 🚌🔝Пред нас е уште една нова тура Авантура!!Еднодневна екскурзија до...
02/03/2022

НАСКОРО!!!
Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🌍 🚌🔝
Пред нас е уште една нова тура Авантура!!
Еднодневна екскурзија до Манастирот Тумане во Србија 💒 🇷🇸
27/03/22 Недела
Цена 1850 ден
Посета на прекрасниот манастир кој наликува на тврдина опкружена со возвишени конаци споени во еден прекрасен комплекс кој Ви дава душевен мир.
▶️ Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма
▶️ Организација, подготовка и водство на аранжманот
▶️ За време на целото патување присуство на водич- пратител
🍀Резервирајте го вашето место на време!
Телефони за резервации:
☎️ 078/724-317 и 077/666-202
Ајде да се дружиме и да патуваме заедно 🙃

Наскоро !!!На Ваше барање туристичка агенција Цуфле Кочани реализира еднодневна екскурзија!!!20/03/22 НеделаДестинации:-...
02/03/2022

Наскоро !!!
На Ваше барање туристичка агенција Цуфле Кочани реализира еднодневна екскурзија!!!
20/03/22 Недела
Дестинации:
-Св.Јоаким Осоговски
- парк Гиновци
Тел. за информации 078724317/077666202
Цена од само 650 ден.
Побрзајте местата се ограничени!!!

На Ваше барање посета на манастирот Свети Василиј Острошки третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет  🔙🔔💒😇🍀В...
29/06/2021

На Ваше барање посета на манастирот Свети Василиј Острошки третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет 🔙🔔💒😇🍀

Во цената на аранжманот е вклучено:
*Превоз со високотуристички автобус;
*Посета на манастирот Св.Василије Острошки;
*Лиценциран пратител во текот на целото патување;
*Организација и реализацијa на аранжманот;

Во цената не е вклучено:
*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог;
*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место;

Некои работи се променија, но не и нашите задоволство да се вратиме на патувањата, иако нема да биде баш се како во врем...
28/05/2021

Некои работи се променија, но не и нашите задоволство да се вратиме на патувањата, иако нема да биде баш се како во времето пред короната …
Повеќето земји почнаа да ги отвораат границите па и ние се навраќаме на нашите патвања 🌏
Патувањето нè исполнува. Не прави побогати со знаење, искуства и спомени. Нема ништо поубаво од проучување на нови места, историја, откривање на нови навики, вредности, култури, убавини...
Бидете дел од нашите патувања .......
НАСКОРО !!!

🔸ЕДНОДНЕВНИ ЕКСКУРЗИИ ДО СТРУМИЦА И ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО🌹8ми Март 📆Термини:👉06.03 (сабота) 👉07.03 (недела)👉08.03.(понеделник)Т...
23/02/2021

🔸ЕДНОДНЕВНИ ЕКСКУРЗИИ ДО СТРУМИЦА И ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО
🌹8ми Март
📆Термини:
👉06.03 (сабота)
👉07.03 (недела)
👉08.03.(понеделник)
Тргнување во 06.30 h од автобуска станица Кочани.Пристигнување во Струмица.Посета на црквата "15те Маченици",каде што се наоѓа иконата на Пресвета Богородица.Потоа се враќаме во центарот на Струмица,предвидено време од 2 часа за шопинг и кафе пауза.Во договореното време,заминуваме за комплексот Лебедово Езеро,каде што ќе биде организиран ручек.По завршувањето на ручекот,се враќаме за Кочани во попладневните часови.
❗ЦЕНА: 1100 ДЕН.
✅Во цената е вклучено:
-превоз
-посета на црквата "15те Маченици"
-посета на Струмица
-ручек во комплексот "Лебедово Езеро"
За повеќе информации и резервации обратете ни се во инбокс или јавете се на:
📲 071/804-640
📲 070/683-881

11 -ти октомври 🛣🚌🌏🔜 Турција 🇹🇷🔝 Чанаккале🔴 Термин: 08.10-12.10.2020Во цената е вклучено:➡️ 2 ноќевања со појадок во хот...
16/09/2020

11 -ти октомври 🛣🚌🌏
🔜 Турција 🇹🇷
🔝 Чанаккале
🔴 Термин: 08.10-12.10.2020

Во цената е вклучено:
➡️ 2 ноќевања со појадок во хотел Колин 5* или „Askin art“ хотел 3*
➡️ Автобуски превоз, превоз со фериброд
➡️ Разглед на Чанаккале
➡️ Посета на Едрене
➡️ Посета на градот Кешан
➡️ Бесплатен трансфер од Скопје, Велес и Штип

Во цената не е вклучено:
↘️ Екскурзија до античкиот град Троја – 10 евра
↘️ Патничко осигурување
↘️ Доплата за избор на седиште – 10 евра

Телефони за резервации:
☎️ 071/804-640 и 078/724-317

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со  подготовка на   маркетинг кампања „Дома си е дома“, со која ...
14/05/2020

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со подготовка на маркетинг кампања „Дома си е дома“, со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вредат да се посетат повторно. 🚃🛣 🏔🏞🏝 🌄
Заедно да ја истражуваме нашата Македонија 🇲🇰

НАСКОРО!!!Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🌍 🚌🔝Пред нас е уште една нова тура Авантура!!Еднодневна екскурзија до...
24/02/2020

НАСКОРО!!!
Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🌍 🚌🔝
Пред нас е уште една нова тура Авантура!!
Еднодневна екскурзија до Манастирот Тумане во Србија 💒 🇷🇸
27/03/22 год
Цена 1850 ден
Посета на прекрасниот манастир кој наликува на тврдина опкружена со возвишени конаци споени во еден прекрасен комплекс кој Ви дава душевен мир.
▶️ Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма
▶️ Организација, подготовка и водство на аранжманот
▶️ За време на целото патување присуство на водич- пратител
🍀Резервирајте го вашето место на време!
Телефони за резервации:
☎️ 078/724-317 и 077/666-202
Ајде да се дружиме и да патуваме заедно 🙃

По повод меѓународниот ден на жената — светскиот празник 📌🌸 8 ми март 🌸 Ви ги нудиме прекрасна дестинација за патување 🕛...
13/02/2020

По повод меѓународниот ден на жената — светскиот празник
📌🌸 8 ми март 🌸
Ви ги нудиме прекрасна дестинација за патување 🕛👜🚌
Разглед на Ниш и Лесковац co организиран свечен ручек во Хотел Бавка многу музика, забава и изнендувања 🔝🎊
🔹 Цена: 1500 ден. (Можност за плаќање на рати)

Прoграма на патувањето:
🕛 08.03.2020
Тргнување во 03.00 часот од Кочани. Попатни паузи за цариски формалности.Пристигнување во Ниш,посета на ново отворениот трговски центар Форум,слободно време за шопинг,индивидуално посета на тврдината во Ниш покрај реката Нишава.Продолжуваме за Лесковац,пауза за организиран свечен ручек со музика (Хотел Бавка).Тргнување за Македонија со попатни паузи. Пристигнување за Кочани во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус
-разглед на Ниш,Лесковац,
-организиран свечен ручек во Хотел Бавка со музика, забавно изнендување
мени:ордевер,погача,сезонска салата,поховано бело месо со грчки прелив ,ролована плескавица со помфрит, десерт, пиење неограничено-(сок,пиво,вино,ракија)
-организација и водство на патувањето
-патничко и здравствено осигурување

За овој аранжман може да се патува со важечка биометриска лична карта.

🌺8-ми март - Велинград🌺🕛 Термин: 06.03-08.03.2020🔹 Цена на аранжманот: 6150 денариВо цената на аранжманот е вклучено:- 2...
18/01/2020

🌺8-ми март - Велинград🌺

🕛 Термин: 06.03-08.03.2020

🔹 Цена на аранжманот: 6150 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел „Бор“
- Превоз
- Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување

🌺Мистична Романија за 8ми Март🌺📆05.03-09.03.2020 г.❗️Цена:97 еур.(6020 ден.)3 дена /2 ноќевања со појадок05.03.2020(четв...
18/01/2020

🌺Мистична Романија за 8ми Март🌺
📆05.03-09.03.2020 г.
❗️Цена:97 еур.(6020 ден.)
3 дена /2 ноќевања со појадок
05.03.2020(четврток) 20.00 состанок на групата на автобуска станица Кочани.Поаѓање во 20.30 h.Ноќно возење низ Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
1 Ден
Пристигнување во утринските часови. Се упатуваме кон главниот град на Романија– Букурешт, транзитно преминување низ градот во насока кон величенствените Карпати и нивниот „бисер” – гратчето Синаја. Посета на Синајскиот манастир, од XVII век. Сместување во хотел 2*/3*. Слободно време. Ноќевање.
2 Ден
Појадок. Посета на Дворецот “Пелеш” – изграден во периодот 1873-1883 година како летна резиденција на романскиот крал Карол І. Заминување за Бран. Посета на замокот “Бран”, познат уште како “Замокот на Дракула” - ловната резиденција на графот Влад Дракула (впечатлива средновековна тврдина, потоната во мистерија, изградена меѓу 1377 и 1382 г. врз скала висока 60 м.). Слободно време во реонот на замокот. Попладне продолжуваме кон центарот на Трансилванија - град Брашов, каде што Петар Берон го издава Рибниот буквар. Туристичка прошетка: Старата општина, Црната црква - најголемата готска катедрала во Источна Европа, Белата и Црната кула, црквата “Св. Вартоломеј” – најстариот архитектски споменик во градот слободно време. Вечерта по желба посета на локален ресторант, со вечера по мени, во кое се вклучени традиционални јадења. Ноќевање.
3 Ден
Појадок . Во 8.30 ч. Заминување за Букурешт – најголемиот град в Југоисточна Европа, основан во 1459 г. на двата брега на р. Дамбовита, познат уште како “Малиот Париз” заради артистичниот живот и прекрасната архитектура. Панорамски разглед на градот : Плоштадот Соединение, Плоштадот Викторија , плоштадот на Слободната преса, плоштадот на Авиаторите, Атенеумот, зградата на Националната Воена академија, пауза за фотографирање. Националната банка, Националниот театар, Букурешкиот Универзитет, Патриаршката црква со моштите на Св. Димитар Бесарбовски – покровник на градот, Дворецот на Парламентот - втората по големина административна зграда во светот, Плоштадот Револуција, Националната библиотека, Националниот театар, Университетскиот плоштад, Паркот Чишмидџиу и Триумфалната Порта. Слободно време за прошетка . Во 16.00 ч заминување за Македонија. Вечерта пристигнување во Македонија.
✅Во цената е вклучено:
✅Превоз со високотуристички автобус /клима, ДВД/
✅2 ноќевања со појадок во хотел 2 - 3* во Синаја или во околината
✅Панорамски разглед на Букурешт со локален водич
✅Туристички придружник на патувањето
❌ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Целодневен излет Бран (замокот на Дракула) Брашов и замокот Пелеш со вклучени влезници и превоз – 50 евра
Задолжително патничко осигурување
• Туристичка такса 1 евро по лице на ден (се плаќа во хотел)
• Индивидуални трошоци
• Трансфер од Штип,Велес,Кавадарци,Неготино,Прилеп,Битола,Скопје,Струмица,Радовиш – 10еур по лице
• Дете до 12 год – плаќа 80% од цената на возрасно лице

🌹8ми Март во Ниш,Србија🌹📆Термини со 2 ноќевања:06.03-08.03.2020 г.13.03.-15.03.2020 г.📍Цена:4450 ден.❗️Во цената е вклуч...
18/01/2020

🌹8ми Март во Ниш,Србија🌹
📆Термини со 2 ноќевања:
06.03-08.03.2020 г.
13.03.-15.03.2020 г.
📍Цена:4450 ден.
❗️Во цената е вклучено:
✅2 ноќевања со појадок во Nish City View Apartments
✅ 1 свечена вечера со жива музика и неограничено пиење во Етно Ресторан "Бисер"
✅Превоз Кочани-Ниш-Кочани
📆Термини со 1 ноќевање:
07.03-08.03.2020 г.
14.03.-15.03.2020 г.
📍Цена:3150 ден.
❗️Во цената е вклучено:
✅1 ноќевање со појадок во Nish City View Apartments
✅ 1 свечена вечера со жива музика и неограничено пиење во Етно Ресторан "Бисер"
✅Превоз Кочани-Ниш-Кочани

🌺8ми Март во Елбасан,Албанија🏩Hotel ALFA Quender Kurative📆Термин:06.03.-08.03.2020 г.❗️Цена:65 еур.(4030 ден.)✅Во цената...
18/01/2020

🌺8ми Март во Елбасан,Албанија
🏩Hotel ALFA Quender Kurative
📆Термин:06.03.-08.03.2020 г.
❗️Цена:65 еур.(4030 ден.)
✅Во цената е вклучено:
-Комплет пансион за 2 дена(појадок,ручек и вечера)
-Користење на минерална вода и кални бањи
⏱Време на поаѓање:06.00 h од автобуска станица Кочани

🌺 8ми Март во Добриниште,Бугарија🛏 Hotel Ruskovets Termal Spa & Ski Resort 4*📆Термин: 06.03.-08.03.2020 г.❗️Цена:4460 де...
18/01/2020

🌺 8ми Март во Добриниште,Бугарија
🛏 Hotel Ruskovets Termal Spa & Ski Resort 4*
📆Термин: 06.03.-08.03.2020 г.
❗️Цена:4460 ден. за уплата до 10.02.
📍Редовна цена: 5080 ден.
✅Во цената е вклучено:
✅2 ноќевања со појадок и 1 свечена вечера на 07.03.
👉Послужувањето е на база шведска маса
✅ Превоз
🎯Гостите на располагање имаат:
✅ Фитнес сала со поглед кон Пирин планина
✅ Безжичен интернет
✅ Клима и мини-бар
✅Секоја соба располага со бањарки и крпи
✅ Внатрешен минерален базен со температура на водата 30°С и хидромасажни лежалки
✅ Детски минерален базен со температура на водата 33°С
✅ СПА зона / 2 парни бањи /солна и ароматерапија/, сауна и загревачка клупа/
✅Надворешно џакузи од дрво со минерална вода за релаксација
✅ Паркинг
✅Туристичка такса
✅ Организација и реализација со лиценциран придружник на патувањето
❌Во цената не е вклучено:
-Патничко осигурување

🌺 8 март во Лутраки,Грција🌺📆Термини: 07.03.-08.03.202014.03.-15.03.2020🔹Цена: 2450 ден.❗️Во цената е вклучено:-1 ноќевањ...
18/01/2020

🌺 8 март во Лутраки,Грција🌺
📆Термини: 07.03.-08.03.2020
14.03.-15.03.2020
🔹Цена: 2450 ден.
❗️Во цената е вклучено:
-1 ноќевање со појадок во хотел Almopia
❌Во цената не е вклучено:
-Свечена вечера во ресторан
🌊Воден и Лутраки се наоѓаат во Северниот дел на Грција.Градот Воден е познат по прекрасните водопади,а Лутраки по базените на отворено кои што изобилуваат со топла минерална лековита вода.

🌺🌺ОДЕСА – КИЕВ ЗА 8 - МИ МАРТ🌺🌺🎯Дата: 07.03.2020г. ❗️Цена: 191 еур.(11 850 ден.)Можност за плаќање на рати !!!📆 1 денТра...
18/01/2020

🌺🌺ОДЕСА – КИЕВ ЗА 8 - МИ МАРТ🌺🌺
🎯Дата: 07.03.2020г.
❗️Цена: 191 еур.(11 850 ден.)
Можност за плаќање на рати !!!

📆 1 ден
Трансфер од Кочани до Автобуска станица Софија. / Тргнување од Софија ,и патување преку Романија и Молдавија.
📆 2 ден
Утрото пристигнување во Одеса – бисерот на украинското Црноморие со најпознатото пристаниште.Сместување во хотел /по можност и готовност на хотелот/.Слободно време или туристичка програма со локален водич на руски јазик /доплаќање 10 евра/ – Административниот центар – кој што се наоѓа на Приморскиот булевар и е еден од најубавите делови од овој град,каде што од морското пристаниште се спуштаат скалите и споменикот на "Битката на Потемкин", ул. Дерибасовска, Приморскиот булевар, дворецот на Грофот Воронцов и споменикот на херцогот ди Ришело и Екатерина Велика, Националниот Театар за Опера и Балет, Археолошки музеј на Одеса. Околу 13.00ч. сместување во хотел. Попладне по желба тура до „Одеса – градот на различните религии” /се доплаќа 15 евра – вклучено е и транспорт и локален водич на руски јазик/ - посета и разглед со професионален водич на храмовите и знаменитостите,кои што ја претставуваат религијата и културата на одделните народи, кои оставиле трага во развојот на градот – Ерменската црква, Арапскиот културен центар, Синагогата, Грчката црква, Католичкиот и Лутерански храм и Катедралата на Одеса /Преображенскиот храм/ - најголемиот православен храм во градот со близу 3 вековна историја. Вечерта можност за ВЕЧЕРА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА – 8 МИ МАРТ во ресторан со национална кујна и жива музика /се доплаќа 30 евра, вклучено е богато мени, 1 безалкохолен и 1 алкохолен пијалок/. Ноќевање.
📆 3 ден
Појадок. Слободно време или по желба посета на катакомбите во Одеса /се доплаќа 20 евра – вклучува и транспорт, локален водич на руски јазик и влез ; траење – околу 3 часа/ - претставуваат мрежа од подземни тунели, бункери, пештери и лавиринти. Голем дел од нив се поранешни каменоломи, кои се изградени во првата половина на 19в. во времето на интензивното градење на Одеса като богат извор на градежен материјал. Денес должината на катакомбите во Одеса се протегаат приближно на 2,5 илјади километри. По ручекот по желба посета и разгледување на Националниот Театар во Одеса за Опера и балет и музејот на театарот /се доплаќа 20 евра– вклучен е влез и туристичка програма/ - најстариот театар во Одеса, изграден во необарок стил во 1887 година по проект на виенските архитекти Фердинанд Фелнер и Херман Хелмер, кои ги проектирале зградите на театрите во Виена, Будимпешта и другите европски градови. Во 14.00ч. заминување за Киев. Вечерта сместување во хотел.Ноќевање.
📆 4 ден
Појадок. Слободно време или панорамска обиколка на Киев со локален водич на руски јазик /се доплаќа 15 евра/ во програмата е вклучено посета на една од најживописните улици на Киев – „Андреевскиј спуск”, на која се наоѓаат Андреевската црква, Дом Орлова, Контрактовиот плоштад, црквата на Успение Богородично„Богородица Пирогошта”, Гостинскиј двор, Киево -Магилјанската академија, Речната станица. Прошетка по Михајловскиот плоштад и разглед на Михајловски – Златоверхиј манастир, споменикот на кнегињата Олга, споменикот на Богдан Хмелницки, Софискиот собор /УНЕСКО/, ''Золотие ворота”, Националниот оперен театар носејќи го името на познатиот украински поет Тарас Шевченко и неговиот споменик, главниот кампус на Универзитетот. Слободно време за прошетка по најпознатата трговска улица на Киев – Хрештатик. Попладне посета со локален водич на Националниот Киево – Печорски архитектонски комплекс „Лавра” (УНЕСКО) времетраење 2 и пол часа - еден от најстарите пештерни манастири, посветен на Св. Богородица, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар. Комплексот зазема плоштина од околу 28 хектари, со повеќе од 100 архитектурни споменици. Разделен е на два дела: Долна и Горна Лавра. Тука се наоѓаат и светите мошти на многу светци и монаси ( се доплаќа 15 евра со вклучен влез). Ноќевање.
📆 5 ден
Појадок. Слободно време или претпладне екскурзија со бродче по реката. Днепар. По ручекот трансфер до аеродромот. Лет со АК ''Ryanair'' Киев – Софија во 13:45ч. – 15:40ч.

Во цената е вклучено:
-авиобилет Киев – Софија со АК ''Ryanair'' со вклучени аеродромски такси и мал багаж/ 40/20/25см.,
-транспорт со високотуристички автобус 3*,
-1 ноќевање со појадок во Одеса во хотел 3*, 2 ноќевања со појадоци во Киев во хотел 3* во двојна или тројна соба, туристички претставник на фирмата за време на патувањето.

Во цената не е вклучено:
-панорамска обиколка на Одеса со локален водич – 10 евра;
-празнична вечера за 8ми март во ресторан со национална кујна и музика на живо – 30 евра /вклучува богато мени, 1 безалкохолен и 1 алкохолен пијалок/;
-прошетка до катакомбите на Одеса – 20 евра /вклучено е транспорт, локален водич на руски јазик и влез/; прошетка до „Одеса – град на различните религии” – 15 евра;
- посета на Националниот Театар во Одеса за Опера и балет и музејот на театарот – 20 евра; панорамска обиколка на Киев со локален водич– 15 евра,
-посета со локален водич на Националниот Киево-Печорски комплекс „Лавра” –15,00 евра,
-сместување во единична соба –50 евра.
-патничко осигурување.

📌🌸 8 ми март 🌸Разглед на Ниш и Лесковац co организиран свечен ручек во Хотел Бавка многу музика, забава и изнендувања 🔝🎊...
18/01/2020

📌🌸 8 ми март 🌸
Разглед на Ниш и Лесковац co организиран свечен ручек во Хотел Бавка многу музика, забава и изнендувања 🔝🎊
🔹 Цена: 1500 ден. (Можност за плаќање на рати)

Прoграма на патувањето:
🕛 08.03.2020
Тргнување во 03.00 часот од Кочани. Попатни паузи за цариски формалности.Пристигнување во Ниш,посета на ново отворениот трговски центар Форум,слободно време за шопинг,индивидуално посета на тврдината во Ниш покрај реката Нишава.Продолжуваме за Лесковац,пауза за организиран свечен ручек со музика (Хотел Бавка).Тргнување за Македонија со попатни паузи. Пристигнување за Кочани во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус
-разглед на Ниш,Лесковац,
-организиран свечен ручек во Хотел Бавка со музика, забавно изнендување
мени:ордевер,погача,сезонска салата,поховано бело месо со грчки прелив ,ролована плескавица со помфрит, десерт, пиење неограничено-(сок,пиво,вино,ракија)
-организација и водство на патувањето
-патничко и здравствено осигурување

За овој аранжман може да се патува со важечка биометриска лична карта.

🔝Истанбул за Свети Валентин 💝💑🥰ПРОМО ЦЕНА 65 евра до 01.02.2020, редовна цена 79 евраЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:Две н...
18/01/2020

🔝Истанбул за Свети Валентин 💝💑🥰

ПРОМО ЦЕНА 65 евра до 01.02.2020, редовна цена 79 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
Автобуски превоз на релација Кочани – Истанбул – Кочани
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
Посета на фабриката за традиционални слатки „Коска“
туристички пратител за време на престојот
организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
задолжително патничко осигурување 240 денари по лице
факултативните излети:
Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра
Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра
крстарење по Босфорот – 20 евра
Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра
Туркуазу Аквариум – 15 евра
ноќно крстарење – традиционална вечера со турски танци и програма – 40 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
SILVER – 75 евра (редовна цена 85евра)

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палатата
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

PREMIUM – 120 евра (редовна цена 140евра)
Аја Софија
Топкапи
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палатата
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
Туркуазу аквариум

Прв ден – 13.02 (четврток)
Средба на групата на договореното место и во договореното време. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 14.02 (петок)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Трет ден – 15.02 (сабота)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува прекрасното крстарење по Босфорот 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Посета на Долмабахче палатата. По ова се упатуваме на денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот. Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден – 16.02 (недела)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Кочани во утринските часови.
Организатор на патувањето е туристичката агенција со лиценца А (Министерство за економија).

16/12/2019
Погледнете ја празничната атмосфера во Трикала Грција, место кое ќе ве намами да го посетите 🎡🎅🎊🧙‍♀🧙‍♂🎁
26/11/2019

Погледнете ја празничната атмосфера во Трикала Грција, место кое ќе ве намами да го посетите 🎡🎅🎊🧙‍♀🧙‍♂🎁

Ο Μαγικός Μύλος των Ξωτικών στα Χριστουγεννιάτικα Τρίκαλα!

❗️Побрзајте и резервирајте го вашето место на време!Останати се уште неколку слободни места !!!🎀🎁 Божиќно село Трикала в...
26/11/2019

❗️Побрзајте и резервирајте го вашето место на време!
Останати се уште неколку слободни места !!!
🎀🎁 Божиќно село Трикала во Грција 🎁🎀
🛑 Во цената е вклучена и бесплатна посета на Метеорите 🎊
Магично место каде што може да ја посетиме куќата на Дедо Мраз и да направиме фотографии со вредните џуџињата кои ги изготвуваат подароците за умните деца 🎅 🧙‍♀🧙‍♂
Да ја посетиме работилницата за правење на колачи и фабриката за чоколади 🥯🍡🍢🍨🥧🍭🍮🍪🍩🧁🍬🍫
Заедно да уживаме во прекрасниот поглед од панорамското тркало 🎡🎅🎊
Во цената Е вклучено:
- Превоз и организација до наведената локација;
- Посета на Метеорите;
Во цената НЕ е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци, посета и влезници за забавниот парк.
📆22.12.2019 (недела)
🛑Цена за возрасни:1300 денари🛑
🛑Цена за деца до 10 години:1000 денари🛑

Дел од нашето патување 🚌 🇷🇸 💒 Посета на Манастир Ѓунис црквата Покров на Пресвета Богородица каде се наоѓа извор на леко...
15/11/2019

Дел од нашето патување 🚌 🇷🇸 💒 Посета на Манастир Ѓунис црквата Покров на Пресвета Богородица каде се наоѓа извор на лековита вода благословен од Мајката Божја. Разглед и посета на манастирот Свети Роман кој бил ученик на Свети Климент Охридски. Слободно време и прошетка низ градот Ниш и секако време за ручек и шопинг во кинескиот шопинг центар во Лесковац. Придружете ни се на нашето следно патување 🔝😇

🎊 Дочек на Новата 2020 во БЕЛГРАД🎊 - Белград, Нови Сад2 ноќевања со појадок во хотел Југославија 3***Цена на патувањет 6...
14/11/2019

🎊 Дочек на Новата 2020 во БЕЛГРАД🎊

- Белград, Нови Сад
2 ноќевања со појадок во хотел Југославија 3***

Цена на патувањет 6.490 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
-превоз со туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел Југославија 3*во Белград http://hoteljugoslavija.rs/
-разгледување на Белград со локален водич
-организација и водство на патувањето
За сите дополнителни информации и резервација контактирајте не на ☎️ 071/804-640 и 077/965-774

🎊 Дочек на Новата 2020 во БУДВА 🎊- Будва, Св.Василије Острошки, Дубровник2 ноќевања со појадок во хотел Татјана 3***Цена...
14/11/2019

🎊 Дочек на Новата 2020 во БУДВА 🎊

- Будва, Св.Василије Острошки, Дубровник
2 ноќевања со појадок во хотел Татјана 3***

Цена на патувањето 5.500 мкд
За сите дополнителни информации и резервација контактирајте не на ☎️ 071/804-640 и 077/965-774

Ајде да го разбудиме детето во нас и заедно со нашите најмили да уживаме во новогодишната идила на волшебното градче Три...
14/11/2019

Ајде да го разбудиме детето во нас и заедно со нашите најмили да уживаме во новогодишната идила на волшебното градче Трикала. 🎉🎁🎄🎈
Магично место каде што може да ја посетиме куќата на Дедо Мраз и да направиме фотографии со вредните џуџињата кои ги изготвуваат подароците за умните деца 🎅 🧙‍♀🧙‍♂
Да ја посетиме работилницата за правење на колачи и фабриката за чоколади 🥯🍡🍢🍨🥧🍭🍮🍪🍩🧁🍬🍫
Заедно да уживаме во прекрасниот поглед од панорамското тркало 🎡🎅🎊
Верме е за уживање и за многу други изненадувања 🤡🎁🎅

Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🚌🔝Пред нас е уште една нова тура Авантура!!Ајде да се дружиме и да патуваме зае...
13/11/2019

Патуваме и се дружиме на нова дестиација 🚌🔝
Пред нас е уште една нова тура Авантура!!
Ајде да се дружиме и да патуваме заедно 🙃

Mожност да ја посетите чудотворната вода на манастирот Ѓунис во нишката епархија. Местото каде се појавила Мајка Богород...
12/11/2019

Mожност да ја посетите чудотворната вода на манастирот Ѓунис во нишката епархија. Местото каде се појавила Мајка Богородица🚌 🇷🇸 💒
Може да се патува со лична карта 🔝😇

Посета на манастирскиот комплекс кој се наоѓа на ридот над селото и се состои од конак, 12 метарски крст, библиотека, ка...
11/11/2019

Посета на манастирскиот комплекс кој се наоѓа на ридот над селото и се состои од конак, 12 метарски крст, библиотека, камена кула, статуи на Богородица, Свети Климент, велигденско јајце од 3 м и други содржини интересни за посетителите. Изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година.

Убав ден со убави луѓе 🤗😇💕
03/11/2019

Убав ден со убави луѓе 🤗😇💕

Address

Kocani
2300

Telephone

071/804-640

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Turisticka agencija CUFLE Kocani posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category

Nearby travel agencies


Other Travel Agencies in Kocani

Show All