Tourist Guide Ohrid Vlatko Stevanovski

Tourist Guide Ohrid Vlatko Stevanovski vlatko stevanovski

28/06/2022
21/11/2021
На пат за добра ноќ
25/01/2020

На пат за добра ноќ

ХРИСТОС СЕ РОДИЗА МНОГУ ГОДИНИ
07/01/2020

ХРИСТОС СЕ РОДИ
ЗА МНОГУ ГОДИНИ

29/12/2019

Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора” и Клубот за подводни активности „Охрид”, годинава по 17 -ти пат, ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дн....

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај.Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над ...
08/12/2019

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај.

Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање.

Еден податок говори дека во Втората светска војна неговиот златен крст го спасил Охрид Германците да не го запалат. Постојат повеќе преданија дека светителот го чувал Охрид и од чума и од други болести.

Во преданијата свети Климент најчесто се среќава заедно со свети Наум Охридски, со кого најчесто се претставени како браќа. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на браќа во духовна смисла - собраќа, но повеќемина се склони да тврдат дека свети Климент и свети Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православната црква епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.




- Во еден град близу до Солун каде и денес се наоѓа черепот на Свети Климент неколку години владеела чума. На еден од мештаните на сон Богородица му рекла само черепот на Свети Климент Охридски во Охрид може да ве спаси од болеста. Така грците натоварени со злато и богатство не мислеле колку пари ќе побараат охриѓани, дошле во Охрид и се понудиле да го купат черепот на Свети Климент Охридски. Некои кои не знаеле какво богатство се крие во моштите незнаејќи ја цената на светителот го продале черепот и така тој веќе седум века се наоѓа во Грција.

07/12/2019
Денес православните христијани го празнуваат Воведение на Пресвета Богородица во храмот или како што народот го вика Све...
04/12/2019

Денес православните христијани го празнуваат Воведение на Пресвета Богородица во храмот или како што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста.

Овој сведен спаѓа во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што немаат деца.

Евангелистите сведочат дека праведните Јоаким и Ана долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.

Така им се родила Марија.

Светото предание натаму сведочи оти Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но, се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела овој пат.

Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по 15 скали.

Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен Свјатаја свјатих, (или Светиња на светиите).

Во спомен на воведувањето на тригодишната Марија во храмот светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 4 декември.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете.

Овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

OHRID 💯🌎
01/12/2019

OHRID 💯🌎

Св. Наум
30/11/2019

Св. Наум

30/11/2019
30/11/2019
30/11/2019

Address

Ohrid

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00
Sunday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Tourist Guide Ohrid Vlatko Stevanovski posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Tourist Guide Ohrid Vlatko Stevanovski:

Share

Category