Travel Agency El Mundo

Travel Agency El Mundo Водечка агенција за
🛫 Авиобилети (IATA aкредитирана)
🛳 Крстарења
🌴 Далечни и бизнис патувања

Oдвоите малку простор за нашата агенција, да ни дадете можност да Ви покажеме како едно патување може да биде организирано од почеток до крај, без никаков проблем. Грижата за деталите околу Вашето патување нека биде наша обврска, а Вам нека Ви останат само уживањето и прекрасните спомени од вашиот престој во посакуваната дестинација. Дозволете тука да Ви помогнеме. Не трошете го своето драгоцено време непродуктивно.

Уште нешто за убавините на Јапонија и обичаите на нејзините граѓани.Во овој период кога црешите цутат Јапонците излегува...
16/04/2025

Уште нешто за убавините на Јапонија и обичаите на нејзините граѓани.
Во овој период кога црешите цутат Јапонците излегуваат ноќе и ги осветлуваат црешовите дрва , обичај наречен “Jozakura”
или “Ноќна Сакура”.
Ова претставува уживање во убавината на цветови од цреша под месечината. Цветовите се осветлени од фенери или месечината, создавајќи магична атмосфера.
На сликите обично се гледаат дрвја со розови или бели цветови, осветлени од нежна светлина, со луѓе кои шетаат или седат под нив, уживајќи во ноќната глетка.

Во Јапонија, ваквите ноќни фестивали често вклучуваат традиционална музика и храна, со луѓе облечени во традиционални кимона.

Arigato Japan 🙏Grazie di cuore MSC Belissima 🥂🚢Благодариме од 💙 Профа Зоран ТунтевВаш Ел Мундо
11/04/2025

Arigato Japan 🙏

Grazie di cuore MSC Belissima 🥂🚢

Благодариме од 💙 Профа Зоран Тунтев

Ваш Ел Мундо

Драги наши пријатели,Денес е 11 ти април, 11 ти ден од пловидбата по мирните води на Североисточен Пацифик, Јапонското и...
11/04/2025

Драги наши пријатели,
Денес е 11 ти април, 11 ти ден од пловидбата по мирните води на Североисточен Пацифик, Јапонското и Јужно кинеското море.
Утре рано сабајле впловуваме во Токио и од Ханеда летаме за Истанбул .
Денов го поминуваме уживајќи во содржините на МСЦ Белисима …прекрасен крузер соодветно на името 😊

Вчера бевме во Хакодате, главен град и пристаниште во префектурата Ошима на островот Хокаидо.

Прекрасен и модерен град !

Го посетивме рибниот пазар, се качивме на жичара на врвот од планината Хакодате …си направивме по некоја фотка….градот е познат по изработка на украси од витражно стакло и не пропуштивме прилика да купиме по некој сувенир.

Завршивме во Gioryo kaku tower од каде се пружа прекрасна глетка кон градот и паркот .

На влезот од кулата склуптури на еден самурај Hijikata Toshizon, и одма ми отиде мислата на филмот “Последниот самурај” од 2003 год со Том Круз во главна улога.

Не се надеваме дека баш на ова место ќе ја чуеме вистинската приказна за последниот самурај.

Во времето на бурните години на Јапонија, последниот самурај, Хиџиката Тошизон, стана симбол на храброст и преданост. Роден во мала селска заедница, тој од млада возраст покажувал вештини во борба и длабока почит кон самурајските вредности.

Кога дошло времето на обновата на царот Меиџи, кој под силен политички и воен притисок од стана на САД и Европа, во срадината на 19 век прави темелни реформи на традиционалното Јапонско општество, Хиџиката
Тошизон влегува во конфликт со новите власти кои се обидувале да ја модернизираат Јапонија.

Тој станува лидер на последниот отпор против власта, познат како Шинсенгум, група составена од самураи кои се противеа на промените.

Во 1869 година, Тошизон и неговите борци се повлекуваат во Хакодате, каде што се водат последните битки. Градот станува арената на крвави битки!

На крајот, по жестока битка, Тошизон бил опколен и врши харикири !
Неговиот последен збор бил “за слободата и традицијата”, оставајќи зад себе легенда која ќе живее за навек.
Аригато 🙏😊

Од Каназава после поминати 320 наутички миљи пловејќи по Јапонското море , денес четврток 8 ми април нашиот 9 ти ден од ...
09/04/2025

Од Каназава после поминати 320 наутички миљи пловејќи по Јапонското море , денес четврток 8 ми април нашиот 9 ти ден од ова далечно патување, стигнавме во Акита главен град на истоимената Јапонска префектура.

Акита, шармантен град во регионот Тохоку, што во превод значи “есенски ориз” е познат по големите оризови полиња и најголемото производство на пиво.
Жителите на Акита се најголемите пијачи и производители на саке во Јапонија. ( Нешто како наши Кавадарчани и Неготинчани за ракија 😊)
Од овде потекнува расата на кучиња Акита …. кучето Хачико, симбол на сила, исконска верност и љубов, го чека својот господар 10 години после неговата смрт на железничката станица од која го испраќаше на работа.
Филмот “Хачико”,во кој главната улога ја игра Ричард Гир е снимен на база вистинска случка од дваесеттите години од прошлиот век.

Жените од регионот наречени Akita bijin ( “ убавините на Акита”),се здобија со широка слава поради нивната бела кожа, како со рака нацртани заоблени лица и извонредниот пејачки талент.
Во тоа и сами се уверивме😊

Поетесата Ono no Komachi од раниот период Hejan која потекнува од Акита и денес е синоним за женска убавина во Јапонија.
На полуостровот Ога сретнавме камени карпи како изникнати од морските длабочини во зачудувачки форми, а имаше и такви што наликуваа на познатиот филмски монструм Годзила.

Го посетивме Огата геопаркот каде се запознавме со древниот ритуал Намахаге.
Овој традиционален фолклорен ритуал се слави во Акита особено за време на Нова Година. Луѓе облечени во “страшни” костими шетаат по куќите со цел да ги истераат злите духови од домовите .

Го посетивме Kukunodate, познат како малиот Kyoto,историска област со добро сочувани самурајски куќи и прекрасни црешови дрва во пролет. Шетањето низ улиците беше како да се враќаме во времето.

Уживавме во локалните јадења како Киританпо (печени оризови стапчиња) и пробавме и од познатиот акитски саке, што одлично се комбинираше со регионалните вкусови.

Акита е совршен спој на култура, историја и природа. Нашата посета беше навистина незаборавна и ја препорачувам на секого кој сака да истражува автентична Јапонија.

КАНАЗАВА е главен град на префектурата ИШИКАВА, со скоро 500.000 жители. Поштеден од бомбардирањето во Втората светска в...
08/04/2025

КАНАЗАВА е главен град на префектурата ИШИКАВА, со скоро 500.000 жители. Поштеден од бомбардирањето во Втората светска војна, градот сеуште има сочувана оригинална архитектура од времето на ТОКУГАВА, доминантниот феудален клан во Јапонија. Затоа и се нарекува "Град на Самураите и Гејшите".
Денес имавме можност да влеземе во неколку "куќички за чај" во Гејша дистриктот. И веднаш настана магија, како да станавме протагонисти во култниот филм на Артур Голден, "Мемоарите на една гејша".
Одиме понатаму: следната наша 'станица' е градот АКИТА, а таму се зборува дека живеат најубавите жени во Јапонија. Ќе видиме 😊

Нашата авантура по источните мориња продолжува драги пријатели… денес пристанавме на Јужно Корејскиот остров Џеџу (Jeju)...
07/04/2025

Нашата авантура по источните мориња продолжува драги пријатели… денес пристанавме на Јужно Корејскиот остров Џеџу (Jeju) 835 км југозападно од Осака и 465 км јужно од Сеул, популарна туристичка дестинација. Најголем Јужно корејски остров со површина од 1 800 км2 и население од 700 000 жители.

Прво го посетивме камениот парк , уникатна приказна за вулканската геологија на островот, културното наследство и длабоката врска помеѓу локалното население и каменот.
Паркот се протега на 300 хектари и има разновидни експонати , прекрасни камени склуптури и други традиционални артефакти.

Вулканското потекло на островот резултирало со изобилство на уникатни базалтни форми кои одиграле клучна улога во историјата и културата на островот. Каменот се користел за секакви намени , вклучувајќи градење тврдини, домови и традиционални статуи Дол Хареубанг ( Dol Hareubang- дедови камења) за кои се верува дека се чувари и заштитници.
Продолживме да го истражуваме овој прекрасен остров и се сретнавме со Haenyeo, ( Haenueo Woman Divers) или “морските жени”. Овие жени нуркачи ( некои се постари од 80 години) го практикуваат својот занает со векови, нуркајќи во океанот без никаква опрема за дишење за да соберат свежа морска храна , абалони ( школки), морски ежови и разни видови алги.
Восхитува нивната вештина, упорност и издржливост додека нуркаат во студените води облечени само во одело за нуркање, очила и пар пераи. Нивните нуркања можат да траат до неколку минути и да достигнат длабочина до 20 метри.
Уникатниот начин на живот на Хаенјео жените се најде на списокот за нематеријално културно наследство на УНЕСКО од 2016 година.
Денот брзо ни помина …. завршивме на пазарот Донгмун каде се продава свежа морска храна, локално овошје ( Халабонг цитрус кој е сличен на портокал ).

Се напивме по едно корејско Соју (еден вид ликер подготвен од ориз или компир) кое е најпопуларна пијачка во Кореја…. со нашава ракија не може да се спореди ! 😊

Во 17 часот го напуштивме овој прекрасен остров , МСЦ Белисима заплови на северо исток према Каназава главен град на Ishikawa
- централна Јапонија

Јапонија, земја на изгрејсонцето, на самураите, царство на расцветаните цреши. Нова, неверојатна авантура со ЕЛ МУНДО , ...
05/04/2025

Јапонија, земја на изгрејсонцето, на самураите, царство на расцветаните цреши. Нова, неверојатна авантура со ЕЛ МУНДО , овојпат со крузерот MSC Bellissima, на 12-дневно пловење околу главните јапонски острови и Јужна Кореја.

Јапонија тешко се опишува со зборови. На секој чекор се соочуваме со тотално непознат свет, со веројатно најенигматичната нација на планетата Земја. Овде живеат луѓе кои чистат зад себе, кои имаат 20 говорни форми за извинување, а други 20 за благодарност. Луѓе кои од памтивек изградиле и негуваат многу култови кон (за нас) сосема чудни вредности и категории.

Првите два дена во Токио, најголемиот агломерат на светот, со вкупно 37 милиони жители. Зачудувачки контраст на преголема гужва, но и несфатлива тишина. Шок на секој чекор. Спектакуларни панорамски погледи, кои одземаат здив и никого не оставаат рамнодушен.

Следните два дена во Осака, град на водата, облакодерите и средновековните храмови. Суши, сашими и саќе насекаде, како и силен контраст меѓу модерната облека и кимоно костимите.

Петти ден - уживање во пловидбата кон Јужна Кореја и островот Џејџу. Во очекување на нови чудесии, испраќаме срдечни поздрави од источниот крај на светот, оној убавиот крај.

П.С. Ривалството не е само македонско секојдневие (Охрид -Струга, Скопје-Битола, Кавадарци-Неготино итн), овдешното помеѓу Токио и Осака оди до користење на различна фреквенција на струја. Имено, ако купите фен за коса во Токио, истиот не може да го користите во Осака 😊🌸

🛳 ПРОЛЕТНИ ПОПУСТИ НА ГРУПНИ КРСТАРЕЊА☀️Драги пријатели и клиенти,Продолжуваме со неделата на попусти!Резервирајте ја со...
11/03/2025

🛳 ПРОЛЕТНИ ПОПУСТИ НА ГРУПНИ КРСТАРЕЊА☀️

Драги пријатели и клиенти,

Продолжуваме со неделата на попусти!

Резервирајте ја со попуст Вашата кабина на нашите групните крстарења со MSC Cruises (до 17ти март).

✅Цените вклучуваат:

• Крстарење според одбраната маршута;
• Организиран превоз до пристаништето на испловување и назад (авионски превоз до Рим, автобуски до Атина);
• 2 ноќевања во хотел 4* во Рим (Западен Медитеран)
• Сместување во двокреветни кабини од избраната категорија за време на крстарењето. Патниците кои сакаат можат да добијат и трокреветни или четирикреветни кабини од истата категорија, доколку се достапни во моментот на резервација на патувањето;
• Одредени факлутативни излети
• Пристанишни такси;
• Задолжителни напојници (12 евра по лице за ноќевање);
• Проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, кафе, чај и вода);
• Забава во бродскиот театар секоја вечер за време на крстарењето и во салоните на бродот со различни жанрови на мјузикли во живо;
• Користење на базен, фитнес сала;
• Сите рекреативни и забавни програми како и детска забава за време на крстарењето во специјализирани области;
• Пратител и водич на Македонски јазик
• Организација на патувањето

Детална програма Источен медитеран: https://elmundo.com.mk/elmundotours/%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%bd%d0%be-%d0%ba%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d0%be-%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0/

Детална програма Западен медитеран: https://elmundo.com.mk/elmundotours/%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%bd%d0%be-%d0%ba%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0-2/

📍 За повеќе информации и резервација јавете се на 078 407 540, 02 3051 748, пратете ни порака во инбокс или на [email protected] или посетете не во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија (веднаш до Мартини).

06/03/2025

🛳 96 ЧАСОВНА ПРОМОЦИЈА НА MSC Cruises 🛳

Резервирајте ја вашата кабина до 12 март по неверојатни промотивни цени!

☀️ MSC Musica - 16 април - 10 ноќи - Џенова - Марсеј - Малага - Кадиз - Гибралтар - Тангер - Аликенте - Махон - Олбиа - Џенова ✅од 779 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Splendida - 21 и 27 мај - 7 ноќи - Џенова - Марсеј - Тарагона - Валенсија - Ливорно, Фиренца - Рим ✅од 543 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Seaview - 7, 14 и 28 мај - 7 ноќи - Рим - Палма де Мајорка - Барселона - Кан - Џенова - Ла Специа - Рим ✅од 733 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Orchestra - 8 поаѓања во мај и април - 7 ноќи - Џенова - Марсеј - Барселона - Ибица - Каљари - Сардинија - Рим - Џенова ✅од 683 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Sinfonia - 27 мај - 7 ноќи - Атина - Катаколон - Крф - Кефалонија - Бари - Атина ✅од 683 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Lirica - 8 поаѓања во април и мај - 7 ноќи - Венеција - Котор - Крф - Миконос - Санторини - Анкона - Венеција ✅од 633 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC Lirica - 11, 24 и 25 мај - 7 ноќи - Фиренца - Марсеј - Барселона - Ла Гулет - Палермо - Неапол - Фиренца ✅од 813 ЕУР по лице
____________________________________________________________
☀️ MSC World Europa - 3 април - 7 ноќи - Џенова - Неапол - Месина - Валета - Барселона - Марсеј - Џенова ✅од 1133 ЕУР по лице
_____________________________________________________________
☀️ MSC Divina - 4 поаѓања во мај - 7 ноќи - Рим - Миконос - Кушадаси - Санторини - Неапол - Рим ✅од 633 ЕУР по лице
_____________________________________________________________
☀️ MSC Armonia - 29 мај - 7 ноќи - Атина - Сплит - Венеција - Бриндиси - Лече - Миконос - Атина ✅од 633 ЕУР по лице
_____________________________________________________________

🛳 Цените вклучуваат ноќевања во двокреветна кабина со вклучен проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, закуски, кафе, чај и вода), пристанишни такси и задолжителни напојници.

📍 За резервација јавете се на 078 407 540, 02 3051 748, пратете ни порака во инбокс или на [email protected] или посетете не во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија (веднаш до Мартини).

Водечка агенција за
🛫 Авиобилети (IATA aкредитирана)
🛳 Крстарења
🌴 Далечни и бизнис патувања

ПОСЛЕДНА КАБИНА! 🌸АПРИЛСКО ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ - ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА🌸31.03.2025 - 12.04.2025 🇯🇵 Драги клиенти и пријате...
04/02/2025

ПОСЛЕДНА КАБИНА! 🌸АПРИЛСКО ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ - ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА🌸

31.03.2025 - 12.04.2025

🇯🇵 Драги клиенти и пријатели, останата е уште само една слободна кабина за нашето прво групно крстарење во Јапонија и Јужна Кореја! Побрзајте и придружете ни се овој април заедно да ја доживееме магијата на цветањето на црешовите дрва и да го откриеме Далечниот исток.

🔗 Детални информации за програмата на линкот на овој пост.

Вклучено во пакетот:
✅Скопје Истанбул Токио Haneda (Turkish airlines) – Токио Narita Истанбул Скопје (Turkish Airlines)
Багаж: Рачен багаж 8кг + чекиран багаж 2 x 23кг
✅Пристанишни такси 200 € по лице
✅Напојници на бродот 170 € по лице
✅Ноќевање со појадок во хотел во Токио и еден целодневен разглед
✅Сместување во двокреветни балконски кабини на MSC Bellissima на база Full board (појадок, ручек, вечера и закуски) и забавни содржини на бродот
✅Сите трансфери според програмата
✅Лиценциран пратител и водич од Скопје
✅Организација на патувањето
✅Факултативни излети – 460 € по лице (Токио, Осака 2 дена, Каназава, Акита, Хакодате, Жежу)

Контктирајте не' на:
☎️ 02 3051 748 / 072 216 126
📧 [email protected] / [email protected]
📬 инбокс
📍 во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија, веднаш до ресторанот Мартини

Ве очекуваме!

FIRST MINUTE ☀️ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО ИСТОЧНИОТ МЕДИТЕРАН СО ЕЛ МУНДО 🛳 ПОПУСТ од 100 ЕУР по лице за резервации до 31.01.20...
14/01/2025

FIRST MINUTE ☀️ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО ИСТОЧНИОТ МЕДИТЕРАН СО ЕЛ МУНДО 🛳 ПОПУСТ од 100 ЕУР по лице за резервации до 31.01.2025

🌴9 ноќи, 7 дестинации, 4 мориња, 3 држави! 🇮🇹 🇹🇷 🇬🇷

Придружете ни се на прекрасната MSC Fantasia со која овој јуни ќе пловиме по Егејското, Мраморното, Јонското и Јадранското море.

Вклучено во пакетот:
✅Автобуски превоз Скопје - Пиреја (Атина) - Скопје
✅Пристанишни такси 200 € по лице
✅Напојници 108 € по лице
✅Сместување во двокреветни внатрешни, прозорски или балконски кабини на MSC FANTASIA со вклучен проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, закуски, вода, кафе и чај)
✅Панорамски разглед на Aтина 18.06.2025
✅Лиценциран водич на Македонски јазик и пратители од ТА Ел Мундо Скопје
✅Организација на патувањето

Детални информации на линкот 👇

Контакт:
📍 Нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија (веднаш до Мартини)
☎️ 02 3051 748 / 078 407 540
📧[email protected] / [email protected]

Групно крстарење Источнен Медитеран (поаѓање Атина). Организиран автобуски превоз Скопје - Атина - Скопје. Водич на Македонски јазик.

🛳 LAST MINUTE КРСТАРЕЊЕ СО Costa TOSCANA! ☀️Поминете една недела во јануари на топлите медитерански мориња за само 476 Е...
25/12/2024

🛳 LAST MINUTE КРСТАРЕЊЕ СО Costa TOSCANA! ☀️

Поминете една недела во јануари на топлите медитерански мориња за само 476 ЕУР по лице!

Вклучени полн пансион на бродот (појадок, ручек, вечера, закуска, вода, кафе и чај), пристанишни такси, задолжителни напојници и забавни содржини.

Поаѓање: Рим
Рута: Рим - Савона - Марсеј - Барселона - Палма де Мајорка - Палермо - Рим
Термини: 10, 17 и 24 јануари. Цената важи за сите типови на кабини.

Контактирајте не на:
📧 [email protected] / [email protected]
☎️ 078 407 540 / 3051 748
📍 или во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија (веднаш до Мартини)

Промоцијата важи додека има достапни кабини.

🌸АПРИЛСКО ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ - ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА🌸31.03.2025 - 12.04.2025 🇯🇵 Драги клиенти и пријатели, со огромно за...
01/11/2024

🌸АПРИЛСКО ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ - ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕЈА🌸

31.03.2025 - 12.04.2025

🇯🇵 Драги клиенти и пријатели, со огромно задоволство Ви го најавуваме нашето прво групно крстарење во Јапонија и Јужна Кореа! Придружете ни се овој април заедно да ја доживееме магијата на цветањето на црешовите дрва и да го откриеме Далечниот исток.

🛫 Лет: Скопје - Истанбул - Токио - Истанбул - Скопје со Turkish Airlines
🛳 Брод: MSC Cruises Bellissima

🔗 Детални информации за програмата на линкот на овој пост.

Контктирајте не' на:
☎️ 02 3051 748 / 072 216 126
📧 [email protected] / [email protected]
📬 инбокс
📍 во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија, веднаш до ресторанот Мартини

Ве очекуваме!

Групно крстарење Јапонија и Јужна Кореа во април! Придружете ни се да ја доживееме заедно магијата на цветањето на црешовите дрва!

01/11/2024

ДУБАИ – ЈАНУАРИ 2025
*СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – ГРУПНО ПОАЃАЊЕ*
УЖИВАЈТЕ ВО ЛЕТОТО ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКИОТ ОДМОР
Ibis One Central 3* - појадок
Oд 799 еур по лице
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 09-16.01.2025/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 10-15.01.2025 (5 НОЌИ)
Пратител од Скопје

https://voyager.com.mk/c/3/dubai
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ
ВОЈАЖЕР ТУРИСТИК СЕРВИС
тел. 02/ 3222260 и 078/ 393339

01/11/2024

⚠ДУБАИ – ДЕКЕМВРИ 2024 / ГРУПНО ПАТУВАЊЕ СО ВОДИЧ ОД СКОПЈЕ⚠
✈Авион TURKISH AIRLINES од Скопје✈
✅ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 07-13.12.2024/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 08-12.12.2024 (4 НОЌИ)
✔ Ibis ONE CENTRAL 3* од 749 еур по лице
* вклучен авионски превоз со Turkish airlines (со вклучен багаж и оброк) и 5 дена во даден хотел на база со појадок во двокреветна соба
https://voyager.com.mk/c/65/dubai/dubai-dekemvri-2024-grupno-poagjanje
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ
+3892 3222 260 / +38978 393 339

☀️ЈАНУАРСКО ЛЕТО НА ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ☀️Не пропуштајте ја шансата да го доживеете најновиот брод на MSC Cruises - EURIBIA и ...
30/10/2024

☀️ЈАНУАРСКО ЛЕТО НА ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ☀️

Не пропуштајте ја шансата да го доживеете најновиот брод на MSC Cruises - EURIBIA и придружете ни се на јануарско групно крстарење по Персискиот Залив + 2 ноќи во Дубаи!

08.01.2025 - 18.01.2025

🔗 Детални информации за програмата на линкот на овој пост

Контктирајте не' на:

☎️ 02 3051 748 / 072 216 126
📧 [email protected] / [email protected]
📬 инбокс
📍 во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија, веднаш до ресторанот Мартини

Ве очекуваме!

Запловете со нас во новата година со најновиот брод на MSC Cruises, прекрасната MSC Euribia. Топлиот Персискиот Залив не очекува во 2025та!

Изминатата недела нашата агенција присуствуваше на престижниот корпоративен настан All Stars of the Sea на бродот MSC Gr...
29/10/2024

Изминатата недела нашата агенција присуствуваше на престижниот корпоративен настан All Stars of the Sea на бродот MSC Grandiosa, чии домаќини беа нашите партнери MSC Cruises!

Како единствен претставник од нашата земја, голема чест ни е да бидеме дел тимот на најдобрите продавачи на MSC Cruises од регионот. Особено сме горди што долгогодишната блиска соработка со најдобрата европска компанија за крстарење резултира со континуирано зголемен број на наши задоволни патници на прекрасните бродови - наше најважно признание! Крстарењето е туризмот на иднината и посветени сме понатаму да ја развиваме оваа услуга на нашиот пазар.

Огромна благодарност до MSC Cruises и нашите колеги и соработници за прекрасното дружење! До нареден пат! 🛳💙🌊


🌴🛳 Групно крстарење со Ел Мундо - КАРИПСКО МОРЕ И МАЈАМИ 🛳🌴Драги клиенти, со задовлство го најавуваме нашето традиционал...
22/10/2024

🌴🛳 Групно крстарење со Ел Мундо - КАРИПСКО МОРЕ И МАЈАМИ 🛳🌴

Драги клиенти, со задовлство го најавуваме нашето традиционално ранопролетно групно крстарење по Карипското море со бродот MSC Divina!

☀️11.03.2025 - 25.03.2025☀️
Мајами - Јамајка - Аруба - Курасао - Доминиканска Република - Бахами

🔗 Детални информации за програмата на линкот на овој пост

Контктирајте не' на:

☎️ 02 3051 748 / 072 216 126
📧 [email protected] / [email protected]
📬 инбокс
📍 во нашата канцеларија во ТЦ Лептокарија, веднаш до ресторанот Мартини

Ве очекуваме!

Карипско Море и Мајами - Групно Крстарење со бродот MSC DIVINA и дводневна посета на Мајами, бисерот на американскиот југоисточен брег.

Address

Partizanski Odredi 62 A 1/001-48 Karposh Skopje
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 18:00
Tuesday 09:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 09:00 - 18:00

Telephone

+38923051748

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Travel Agency El Mundo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Travel Agency El Mundo:

Share

Category