За нас...
Ин Травел е основана 2006 година во Скопје. Темелејќи се на долгогодишното искуство на нашите вработени во ИНТЕРИМПЕКС/АВИОИМПЕКС, се постигна едно обединување на знаењето и искуството на постарите со амбицијата на нашиот тим на млади стручни и квалификувани луѓе да создадат динамична, модерна и успешна агенција како и голем број на редовни корисници на нашите услуги. Оттука неминовна е констелацијата дека висок квалитет на услугите, грижа за патниците и љубезност се основните насоки во нашиот бизнис.
Наша цел
Се стремиме кон модерен, европски туризам она што го прати современиот човек. Даваме можност на сите, да го запознаат светот, другите земји, народи, нивните обичаии и начин на живеење. Важен ни е угледот меѓу нашите туристи, нашите корисници на услуги. Сето ова не прави да бидеме агенција со комплетен сервис, а се во интерес на нашите клиенти . Секоја година го прошируваме кругот на своите деловни партнери, ако сте спремни за чесна и коректна соработка, добрe дојдовте.