07/01/2025
За време на празници, секогаш се сеќаваме на најблиските, на фамилијата. Со гордост си ги спомнуваме Надица и Ефтим (познати како тетка Наде и чичко Ефто), кои неуморно работеа и вложуваа во населбата Езерски Лозја, уште од далечните почетоци во 80-тите. Убаво е човек да си се сеќава, да ги почитува своите корени, и да си се враќа во местото каде што потекнува, каде што му е душата. Благодарение на нашите најсакани Наде и Ефто, се трудиме да ја оживееме нашата приказна за Апартмани Наде. Многу скромно и внимателно, дел по дел се градеше нашиот прв објект, кој за тоа време и повеќе од скромен, ги пречекуваше нашите гости со радост и топлина. Нека овој Божиќ нѐ потсети сите дека фамилијата е најважна и секогаш ќе биде. Честит Божиќ! 🌲