22/08/2024
ПОСЕТА НА МАНАСТИР ОСТРОГ
20. 09. 2024(петок) - 22.09.2024 (недела)
Цена 2100 мкд
Во одредени денови, раката на Свети Василиј е откриена така што верниците можат да ја бакнат за време на обиколкаста во манастирот, а сите што имаа можност да ја видат откриена, велат дека раката изгледа многу жива, а не како дел од телото на некој што починал пред скоро 400 години.
Исто така, во манастирот, ќе имате можност да слушнете дека светецот им ја тргнал раката на некои грешници, не дозволувајќи им да ја бакнат, па не се осмелувајте ниту да ги лажете монасите, затоа што се шпекулира дека тие се видовити.
Многумина веруваат дека ако ветат дека ќе одат во манастирот Острог на празникот Свети Василиј, нивна, или болеста на некој близок до нив, ќе исчезнат „како да е однесена со рака“.
Ако знаете личност која се подготвува за патување како ова,би требало да земе масло, темјан и памук со себе и да ги оставите кај светецот „да преноќат“.
Честопати се случува и католиците и муслиманите да се заветуваат, затоа што сите во оваа област се убедени во големите чудесни моќ на свети Василиј, така што се верува дека работите кои преноќуваат кај неговите мошти ги лекуваат сите болести. Затоа памукот, маслото и темјан што биле донесени на Острог треба да се чуваат за „не дај Боже“.
– Свети Василие Острошки Еден од најпочитуваните светци во целото христијанство, за кого се верува дека е чудотворец и многумина исцелил.
🍀Посета Манастир Острог и Дајбабе !!!!!
🚍Автобуски превоз
🙏Ноќевање во Манастирот на отворено.
🚍 Скадар во Замок ресторан со прекрсна глетка предвиден ручек.
Цена 2100 мкд
минимум за реализација 40 патници
контакт📞📞 078603410
🙏Таму каде маглата ти ги милува стапалата, небаре те чисти од душевни нечистотии пред Светецот,таму каде Орлите летаат небаре чувари на Манастирот,таму каде погледот ти оди до Господовиот простор,Небеските рајски живеалишта,таму е местото на Светецот СВ Василије од кое се вознесува насекаде пријатна миризба и чиста енергија, каде ги целива сите рани и ги остава сите болки.Место, каде тишината ти го отвара срцето и душата и нежни ветришта ги дува сите нечистотии од човекот,накрај со сопствените солзи го миеш онаа
нечистото,болното,лошото. Како големо бреме да се свлекува од себе се чуствуваш лесен,полн со живот и спознаваш едно ново суштество себеси просветлен. Свети Василије, голем доброчинителу,помогни им на сите, па и мене.Голем бранител на верата Православна, одбрани не и нас кои ја подржуваме Светата Вера и со Надеж тебе ти пристапуваме.Голем Архијереју Божји, помоли се на Бога Создателот за сите луѓе твои, па на крај за мене недостоен и последен.Амин.
Патување на Манастир Острог,посета на Дајбабе Манастир.