Meet Kavadarci-Запознај го Кавадарци

Meet Kavadarci-Запознај го Кавадарци Промоција на туризмот во Кавадарци,пешачки тури низ Ка
(1)

https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/96818-bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-n...
26/10/2022

https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/96818-bev-vo-kavadarci-me-precheka-sovrshen-park-chist-grad-lugje-so-najtopli-nasmevki-i-najubavi-prikazni?start=1&fbclid=IwAR2L0Z4O0O5ftiNS79yi80wyAig4L3IfFlcfxDOyrj8gt5WaZKO3yN9z--g

„Во Кавадарци ме пречека совршен сончев ден, прво седнав во едно кафуле, кое нуди спектакуларен поглед кон плоштадот, а макијато ме чинеше 70 денари, а потоа веднаш с...

Taste Life !!!
19/09/2022

Taste Life !!!

Kavadarci - Belgrade 2022
01/09/2022

Kavadarci - Belgrade 2022

15/05/2022
Најстарата лозница во Тиквешијата, за која се верува дека има близу сто години, се наоѓа во бавчата на „Стар Балкан“ во ...
15/05/2022

Најстарата лозница во Тиквешијата, за која се верува дека има близу сто години, се наоѓа во бавчата на „Стар Балкан“ во центарот на Кавадарци, кој е изграден во далечната 1928 година. „Стар Балкан“ всушност е хотелот „Балкан“ и заедно со хотелот на Петре Американецот се првите хотели во Кавадарци.

Рекреативна патека ,,Моклиште,,
09/04/2022

Рекреативна патека ,,Моклиште,,

08/04/2022
Пешачки тури,возење на велосипед,садење на дрвца,посета на семејни винарии,научете како се прават познатите Тиквешки вин...
06/04/2022

Пешачки тури,возење на велосипед,садење на дрвца,посета на семејни винарии,научете како се прават познатите Тиквешки вино и ракија,гастрономски тури низ Тиквешијата за да ги вкусите автентичните производи од тиквешкиот регион: маџун,гроздов мед,р'чели,пинџур,риба сом од Тиквешкото Езеро,а отворени сме и за ваши предлози.
ЗАПОЗНАЈ ГО КАВАДАРЦИ !!!
Контактирајте не на:070/758-402 или во порака.

TEMJANIKA-Wines of Macedonia
25/03/2022

TEMJANIKA-Wines of Macedonia

Kavadarci
23/03/2022

Kavadarci

Запознај го Кавадарци
23/03/2022

Запознај го Кавадарци

Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци, лоциран во централното градско п...
22/03/2022

Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци, лоциран во централното градско подрачје е Марковата кула.Според преданието меѓу народот владеело уверување дека е од постаро турско време. Некаде на крајот на 18-тиот век.Секоја година, на 2 јануари кога е празникот Игнат,  во посета на кулата доаѓа организирана група на туристи од Измир, Турција. Оставаат свежо цвеќе, прават чест и разговараат со локалното население. Тоа биле потомци на тогашните локални турски власти.

Спомен костурницата во Кавадарци — монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен до...
22/03/2022

Спомен костурницата во Кавадарци — монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на година. Таа е дело на Петар Муличковски, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Полошки манастир („Св. Георгиј“) —манастир во југоисточниот дел на Македонија во близината на Кавадарци на падините на п...
21/03/2022

Полошки манастир („Св. Георгиј“) —манастир во југоисточниот дел на Македонија во близината на Кавадарци на падините на планината Вишешница на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Неговата положба некогаш била високо над левиот брег на реката Црна, од спротива на селото Полошко по кое го добил името. По создавањето на вештачкото Тиквешко езеро по долината на р. Црна (1964-1968), селото веќе не постои и до манастирот се доаѓа само по воден пат.

Тоа е мало урниско езеро во Тиквешијата, сместено во близина на месноста (и некогашно село) Моклиште, 3 км јужно од приг...
21/03/2022

Тоа е мало урниско езеро во Тиквешијата, сместено во близина на месноста (и некогашно село) Моклиште, 3 км јужно од приградската населба Ваташа на Кавадарци. Езерото е настанато по природен пат со свлекување на огромни количини земја од ридот „Градот“.
Eзерото е едно од најмладите хидрографски објекти во Европа и е единствен пример за урниско езеро. настанато со уривање на една од долинските страни на Ваташка Река (месен назив на Луда Мара).

19/03/2022
Градски парк-Кавадарци
17/03/2022

Градски парк-Кавадарци

Манастир Св.Никола-Моклиште
16/03/2022

Манастир Св.Никола-Моклиште

Кавадарци !!!
15/03/2022

Кавадарци !!!

Моклиште
14/03/2022

Моклиште

Тиквешки семејни винарии
14/03/2022

Тиквешки семејни винарии

12/03/2022
Најдобриот град !!!Запознај го !!!
05/03/2022

Најдобриот град !!!
Запознај го !!!

КАВАДАРЦИ-ЦЕНТАР НА ТИКВЕШИЈАТАКавадарци е  град во југоисточниот дел на Повардарието, во јужна Македонија, кој претстав...
20/02/2022

КАВАДАРЦИ-ЦЕНТАР НА ТИКВЕШИЈАТА
Кавадарци е град во југоисточниот дел на Повардарието, во јужна Македонија, кој претставува центар на Тиквешијата. Според некои извори, етимолошки, името Кавадарци потекнува од грчкиот збор kavadion што значи „наметка од скапоцена ткаенина“, а кавадарчани биле изработувачи на таа ткаенина.
Географска положба на Кавадарци
Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара, на надморска височина од 230 до 270 метри. Населбата Кавадарци прв пат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак.
ИСТОРИЈАТ НА ГРАДОТ КАВАДАРЦИ
Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис во кој наведува, дека гратчето е центар на 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Населбата се споменува и во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба (касаба), со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски вилает. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека село Кавадарци (Говедарци) има една голема и красна црква и едно мало училиште, три мошеи (џамии), еден часовник (сахат), една стара висока кула (столп) каде што седат ајан и кадија. Ова укажува дека уште кон средината на XIX век, Кавадарци бил средишно (централно) место на целата тиквешка област, каде што биле сместени судот (кадијата) и управните власти.
Град на виното - Кавадарци - Центар на виногорјето
Кавадарци сообраќајно се поврзува со магистралниот пат Скопје-Гевгелија и со патот што од Градско води за Прилеп, односно со магистралниот пат кон Охрид. Низ градот тече реката Луда Мара. Населбата настанала кон крајот на XVII век, по Австро-турската војна (1689-1690). Лоцирана на сообраќајницата Прилеп – Демир Капија – Солун, имала погодна местоположба, што ја направило привлечна за доселување на друго население од околината. Во 1857 година претставува мало гратче со околу 2.000 жители и посебен економски центар. Населението се занимавало со земјоделство, трговија и занаетчиство. Уште тогаш Кавадарци има улога на управно административен центар за Тиквешката област. Во 1879 година управното седиште за кратко време е преместено во Неготино. Градот популациски и стопански расте по Втората светска војна. Во 1948 година Кавадарци броел околу 6.000 жители, а во 2002 година бројот на населението пораснал на околу 30.000 жители.
Традиција на уживање во винската приказна
Тиквешијата претставува најголемо виногорје на Балканот. Од Велес кон Кавадарци, Неготино, Демир Капија, па до Гевгелија, патот го преплавуваат лозови насади и голем број винарии, кои со својата архитектура на автентичен начин ја раскажуваат македонската винска приказна. Виното е еден од симболите на македонската земја. Најголемата тајна на вкусовите на македонските вина е Сонцето, кое во пределите на Централна Македонија му дава специфика на секое зрно грозје.
Околу Кавадарци и Неготино се разви најголемото и најквалитетното производство на винова лоза. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари. Најзастапени сорти грозје се смедеревка и кратошија вранец, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: кардинал, хамбург, афус али, рибиер и други. Како резултат на големите лозови насади, во Тиквешијата има голем број на винарски визби, кои грозјето го преработуваат во вино и ракија и го пласираат на странските пазари.
Тиквешко Езеро
Тиквешкото Езеро е изградено во долното течение на Црна Река, пред излезот на реката во Возарско Поле. Езерото е едно од поголемите вештачки акумулации, со површина од 14км2, должина од 28 км и зафатнина од 475*10м3. Езерото е создадено во 1968 година, со преградување на кањонот на реката со брана висока 104 метри, изградена од нафрлан камен со глинено јадро. Акумулацијата е наменета за наводнување и производство на електрична енергија. Денес, езерото има и туристичко рекреативен карактер, со поголем број викенд-куќи и угостителски објекти. Езерото се користи и за спортски риболов. Богато е со риба, при што особено се истакнува сомот, кој може да достигне должина над два метра.
Островот Градот
Средновековниот град Тиквеш, се наоѓа на околу два километри од с. Ресава, на рид висок 80 метри, над устието на Тиквешка Река во Црна. Во III век п.н.е. на тоа место постоела населба, која во доцната антика била обновена и зацврстена со кули. Покрај бедемите се пронајдени темели на голем број градби. Со изградбата на акумулационото езеро, на денешниот остров се зачувале само горните остатоци од населбата.
Полошки манастир Св. Ѓорѓи (XIV век)
Манастирот претставува бисер на македонската средновековна уметност. Изграден е во првата половина на XIV век, на 20 километри југозападно од Кавадарци во подножјето на планината Вишешница, на левиот брег на сегашното Тиквешко Езеро. Внатрешноста на црквата е во целост живописана. Позната е по својот фрескоживопис од XIV век, а уште повеќе по полиелајот (црковен листер) резбан во дрво од 1492 година, што претставува најстара датирана резба во Македонија.
Моклишко Езеро
Моклишкото Езеро се наоѓа во месноста Моклиште, непосредно до Кавадарци, во долината на реката Луда Мара. Настанато е во 1956 година, така што со уривање на ридот е направена природна преграда (брана) на долината на Луда Мара и непосредно потоа просторот е исполнет со вода. Поради тоа, во стручната литература ова езеро се класифицира кака урниско езеро. Така, природата само за неколку минути ја изгради браната на езерото. Во текот на ова случување се затрупани стадо овци со нивните пастири.

ДОЈДИ И ЗАПОЗНАЈ ГО КАВАДАРЦИ !!!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

29/11/2021

Тимот на ,,Запознај го Кавадарци,, организира предновогодишни патувања за компаниите.
Вработените ќе може директно да ги запознаат убавините на нашиот град,да им организираме пешачка или велосипедска тура,да се дружат меѓусебно со садење на дрвца,да ги посетат локалните угостители кои подготвуваат домашни специјалитети или семејните винарии со домашно произведените вино и ракија,научете како се прават домашно произведените вино,ракија маџун, а со тоа да им дадеме подршка во овие тешки времиња за нив.
Пишете ни во порака или контактирајте не на 070/758-402 и добијте понуда за вашето предновогодишно патување.

Пешачки тури,велосипедски тури,садење на дрвца,посета на семејни винарии,научете како се прават познатите Тиквешки вино ...
19/11/2021

Пешачки тури,велосипедски тури,садење на дрвца,посета на семејни винарии,научете како се прават познатите Тиквешки вино и ракија,гастрономски тури низ Тиквешијата за да ги вкусите автентичните производи од тиквешкиот регион: маџун,гроздов мед,р'чели,пинџур,риба сом од Тиквешкото Езеро,а отворени сме и за ваши предлози.
Посетете го градот на Добри Даскалов ,Васил Хаџиманов, Никола Бадев ,Петар Мазев ,Стојан Андов ,Тодор Гечевски,Врбица Стефанов ,Петар Ангелов - Диви ,Даниел Мојсов .
Пишете ни во порака и добијте понуда за викенд во Кавадарци!!!
ЗАПОЗНАЈ ГО КАВАДАРЦИ !!!

ЦРКВА СВ.ПЕТКА „Св. Петка“ се наоѓа во Кавадарци, Општина Кавадарци. Црквата според архитектонскиот облик претставува гр...
17/11/2021

ЦРКВА СВ.ПЕТКА
„Св. Петка“ се наоѓа во Кавадарци, Општина Кавадарци. Црквата според архитектонскиот облик претставува граден крст во правоалогно пространство, градена е од клесан камен во ромејски стил, со четири помали куполи и една поголема централна купола. Од северната и јужната страна на црквата поставени се два параклиси посветени на Св. Јован Крстител и Св. Климент Охридски. Покрај црквата на нејзината југозападна страна е поставена камбанарија со придружен објект, помошни црковни простории.
Целиот комплекс на црквата е со зафатнина од 9000 м2, од кои околу две третини е покриен со зеленило.
Црквата започнала да се гради на 8 август 2010 година, кога бил удрен камен-темелник на денот на празникот „Св. Петка“. Каменот за ѕидање на црквата бил донесен од Мариово, бидејќи со тој камен кој има топла природна боја се граделе цркви уште пред десет века. Како главен спонзор или ктитор за изградба на црквата биле компаниите Фени Индустри, Кожувчанка и Градба промет, како и Општина Кавадарци. На 18 октомври 2015 година било извршено осветувањето на храмот со присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и бројно свештенство и монаштво на Повардарската епархија и на целата Македонска православна црква.

Address

Ilindenska Bb
Kavadarci
1430

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00

Telephone

+38970758402

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Meet Kavadarci-Запознај го Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Meet Kavadarci-Запознај го Кавадарци:

Share

Category


Other Kavadarci travel agencies

Show All