06/09/2017
Почитувана како еден од најубавите градови на Европа, нејзиното светско наследство - двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андраши, Плоштадот на хероите, Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот, втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент - се дел од понудата кои не смеат да се пропуштат за време на посетата.
1.ден: СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Лет за Будимпешта од аеродромот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – Скопје во 11:45 часот со лет бр. W6 2230 на авиокомпанијата Wizzair. Слетување во 13:15 часот, на аеродомот во Будимпешта. Трансфер до центарот на Будимпешта. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорака: прошетка по улиците Ракоци, Андраши, Ваци. Вечерта препорачуваме крстарење со брод по Дунав, и посета на национален ресторан Чардаш – мени од национално унгарско јадење. Ноќевање.
2.ден: БУДИМПЕШТА
Препорака - посетете ги: Плоштадот на хероите, зоолошката градина и градскиот парк, црквите Св. Матејаш и Св. Стефан, Парламентот, Гелертовото брдо, Рибарската тврдина, Ержебетиниот дворец, Цитаделата. Ноќевање.
3.ден: БУДИМПЕШТА
Слободно време за шопинг во најголемиот шопинг центар во Будимпешта West End. Ноќевање.
4.ден: БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Трансфер од центар на Будимпешта до аеродром. Лет за Скопје со лет бр. W6 2229 на авиокомпанијата Wizzair во 09:55 часот. Слетување на аеродромот Александар Велики во 11:20 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: ОД 120€
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 3 (ноќевања ) во хотел со 2*/3* во централно градско подрачје на Будимпешта;
- Повратен авионски билет на релација Скопје-Будимпешта-Скопје, со авиокомпанијата Wizzair, со вклучени авионски такси;
- Мала кабинска торба (рачен багаж) со димензии 42x32x25cm (повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com);
- Трансфер на релација Аеродром – Будимпешта - Аеродром
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Дополнителен чекиран багаж (при чекирање на аеродром пред полетување со доплата или при резервација на летот; повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com
- Билети за јавен превоз (метро, автобус )
- Патничко осигурување – 5€
Напомена: за реализација на овој аранжман потребни се минимум 2 патника. Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на авиокомпанијата Wizzair, како и од расположливоста на слободни соби во избраниот хотел.